Меѓународна средба на млади Hombre Mundo

Меѓународна средба на млади Hombre Mundo

Меѓународнота средба „Човек – Свет“ (Hombre Mundo) е настан за млади од 14 до 17 години организиран од Движењето на Фоколарите, која во првата недела се одржа во три земји: Хрватска, Србија и Полска. Учесниците доаѓаат од различни делови на Земјата за да бидат дел од оние што градат единство со други нации, јазици, култури. За време на втората недела учесниците беа распоредни во различни држави од Источна Европа.

Група од околу 40 млади од Франција за време на вторта недела од оваа средба, од 24 до 30 јули, престојуваа  во Македонија, каде што заедно со група на млади од Македонија чистеа и уредуваа неколку локации во Скопје.

Оваа средба започна на 24 јули со света Литургија и благослов од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија посакувајќи им добредојде на младите од Франција. По Литургијата млади ја посетија Спомен куќата Мајка Тереза. Во попладневните часови младите беа поделени во неколку групи и работеа на чистење и уредување на дворот и помошните простории на црквата „Свети Јосиф“ на Бит Пазар и на градинката „Бисер“ во Скопје.

Вториот ден 25 јули, беше целосно исплнет со активности. Се продолжи со работа во дворот на црквата „Свети Јосиф“ на Бит Пазар и на градинката „Бисер“, а се започна и со уредување на една соба во домот за стари лица и во училиштето на Каритас во Шуто Оризари. Една група на млади одреден период од денот поминаа заедно со децата од куќата на сестрите на Мајка Тереза, играјќи со нив. Друга пак група беше заедно со корисниците на домот за стари лица.

Третиот ден 26 јули, беше предвиден за прошетка. Учесниците го посетија манастирот  „Свети Јован Бигорски“ каде што беа срдечно пречекани од монасите,  а потоа продолжија кон Охрид, разгледувајќи ги убавините на овој древен град и неговото езеро. Вечерта присуствуваа на света Литургија Католичката црква „Свети Бенедикт и свети Кирил и Митодиј“.

Четвртиот ден 27 јули, младите го посетија Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје каде што беа поздравени од г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски. Веднаш потоа младите ја посетија и Мустафа – пашината џамија, каде што имамот им објасни кој дел од џамијата за што служи. Истиот ден, приквечер, во дворот на градинката „Бисер“ се чуствуваше семејна атмосфера, сите заедно готвеа, се дружеа, пееја, танцуваа, играа…

Петтиот ден 28 јули, една група од младите остана во Скопје да довршат со работата во градинката, а друга група замина за Гевгелија, посетувајќи го центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“.

Шестиот ден 29 јули, претпладнето, на младите им беше прикажан центарот на Скопје со целата негова историја. Во попланевните часови во градкиот парк во Скопје, на локацијата „Школка“, младите го претставија проектот Хомбре Мундо и се разбира заедно играа, пееја и танцуваа со посетителите на кои им оставија позитивни впечатоци и на кои им побудија дополнително интересирање за оваа средба.

Седмиот ден 30 јули, беше последниот ден за младите и овој ден тие учестуваа на света Литургија во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, а во попладневните часови, група го посети локалитетот Матка.

Во вечерните часови, групата од Франција замина од Скопје со што оваа средба заврши, но започна на секое место од каде што имаше учесник, градејќи луѓе за подобар свет.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот