По повод шест месеци од смртта на монс. Антун Циримотиќ бискупот Стојанов служеше света Литургија, а денес во 18.00 часот ќе се служи и во Скопската катедрала.
На 28 април 2021 во 07.30 часот во капелата на епископското седиште во Скопје, Н.В.П. монс. д-р. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, служеше света Литургија за душата на покојниот монс. Антун Циримотиќ по повод шест месеци од неговото упокојувањет. После светата Литургија беше посетен и неговиот гроб на гробиштата Бутел во Скопје.
Света Литургија за душата на покојниот монс. Циримотиќ ќе се служи и во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје на 28 април 2021 година во 18.00 часот, која ќе ја служи скопскиот парох дон Паво Шекерија.
Монсињор Антун Циримотиќ се пресели во вечноста на 28 октомври 2020 година. На Христовата Црква, како свештеник на Скопската бискупија, служеше 55 години.
Вечен покој дарувај му Господи и вечна светлина нека му свети. Нека почива во мир. Амин!
к.мк