За време на срдечниот разговор ја спомнаа и посетата на Папата на таа балтичка земја во 2018 година, се дискутираше за прашања од заеднички интерес, а исто така разговараа и за меѓународни теми, посебно за ситуацијата во Украина и на предизвиците кои се однесуваат на Европа.
Папата Фрањо на 27 ноември попладне во Апостолската палата ја прими естонската претседателка Керсти Каљулаид, која потоа се сретна и со надбискупот Паул Ричард Галагер, државeн секретар.
За време на срдечниот разговор, таа изрази задоволство за добрите билатерални односи и ја спомна посетата на Светиот Отец на Естонија во 2018 година, по повод 100 годишнината од независноста на земјата – соопшти прес службата на Светиот Престол. Се разговарало и за некои прашања од заеднички интерес, како што е важноста на образованието, социјалната правда зачувувањето на создаденото.
На крајот, соговорниците се осврнаа на различни теми од меѓународен карактер, меѓу кои се мирот и безбедноста и ангажирањето на мултилатерално ниво, спречување и решавање на конфликтите, со посебно внимание на ситуацијата на Украина и на предизвиците кои се однесуваат на иднината на Европа.
Ватикан њуз/к.мк