На крајот од молитвата Ангел Господов папата Фрањо ги поздрави учесниците на трката „Патот на мирот’ и потсети на Светскиот ден на мигранти и бегалци
По пладневната молитва Ангел Господов во недела 22 Септември 2019 година Светиот Отец ги поздрави посебно учесниците на трката „Пат на мирот“ која денес се одржува во Рим за да ја донесе пораката на мирот, братството и дијалогот помеѓу различните култури и верата. Следната недела се одбележува Светскиот ден на мигрантите и бегалците. Ве повикувам да учествувате на тоа славење на плоштадот Свети Петар, со молитва да им ја изразиме својата близина на мигрантите и бегалците од целиот свет – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк