Петралинци: „Милион деца молат заедно за мир и единство“

Петралинци: „Милион деца молат заедно за мир и единство“

Децата од Петралинци се приклучија на молитвената иницијатива „Милион деца молат за мир и единство“, која секоја година се одржува на 18 октомври.

На почетокот на средбата парохот о. Ѓорѓи Појразов ги поздрави децата собрани во голем број во парохиската црква Свети Кирил и Методиј, меѓу останатото кажа дека токму децата се најискрени и најпонизни и Исус не може да не ја слушне нивната молитва. Заедништвото продолжи со молитвата света Бројаница.

По завршувањето на светата Бројаница, средбата продолжи во парохиската сала, при што децата размислуваа на даден текст кој зборуваше за разговорoт на девојчето Агнеса (света Мајка Тереза) со Исус. На крајот тие му напишаа писмо на Исус и преку примерот на Агнеса му кажаа колку го сакаат, му се заблагодарија и го замолија за сите деца од цел свет, за сите нивни потреби.

Оваа иницијатива која е иницирана од страна на Меѓународното католичко дело „Црквата во потреба“, има за цел во исто време, на ист датум да се соберат милион деца во целиот свет во молитвено заедништво, според зборовите на свети падре Пио: „Кога еден милион деца ќе молат света Бројаница, светот ќе се промени.“

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот