Мошти од света Фаустина Ковалска пристигнаа во Македонија

Мошти од света Фаустина Ковалска пристигнаа во Македонија

На 25 ноември 2018 година во Католичката црква „Свети. Кирил и Методиј и свети Бенедикт“ во Охрид беа дочекани мошти од големата светица во Католичката црква света Фаустина Ковалска, или како што е наречена Апостолка на Божјото Милосрдие. Госпоѓа Дорота Свиецка од Полска ги предаде моштите на о. Оливер Тантушев, кои се од прв ред. По тој повод во црквата се молеа побожности кон Божјето милосрдие. После тоа верниците имаа можност да ги целуваат моштите од света Фаустина и да ги упатат своите молитвени накани.

Сестра Марија Фаустина била родена на 25 август 1905 година, трето од десетте деца на Маријана и Станислав Ковалски од селото Глоговиец. Годините од нејзиниот духовен живот биле полни со неверојатни благодати: откровенија, визии, скриени стигми, учествување на Божјата страст, дар на присутност на различни места во исто време, дар да чита во човечките души, дар на пророштвото и реткиот дар на свршувачка и мистичен брак. Во нејзиниот дневник, пишува за милостите кои ги добива од Бог, една од тие милости е и тоа кога Бог и допуштил да го види пеколот. Еве што вели таа:

„Денеска со придружба на еден ангел го посетив пеколот. Тоа е едно место на големи маки и голема е неговата ширина. Најголемата мака од сите маки која ја видов е загубата Божја. Во гледањето на овие маки речиси ќе умрев, ако не ме зајакнеше Божјата сила. Грешникот треба да знае, дека тој мора да страда според видот на своите гревови и тоа вечно да страда.

Ова јас го пишувам по Божји налог, за да не може никој да се извини со изговорот, дека таму никој не бил и никој не знае за што се работи. Јас сестра Фаустина, бев по Божја волја во бездната на пеколот, за да докажам, дека постои пеколот!.

Јас видов, дека пеколот е населен со души, кои овде не веруваа во пеколот. Од тој ден натаму се молам уште поревносно за грешниците.“

Во овие милосни денови за нашата црква во Македонија, во нашата парохија ќе ја молиме и света Фаустина да не застапува пред Божјото Милосрдије за нашата новооснована епархија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот