Воениот бискуп монс. Томо Вукшиќ пристигна во Скопје

Во четврток, 02 јуни 2016 година, Скопскиот бискупо и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими во својата бискупска резиденција воениот бискуп во БиХ монс. д-р Томо Вукшиќ. Воениот бискуп во БиХ, монс. Томо Вукшиќ на празникот Пресвето Срце Исусово ќе ја предводи свечената Света Литургија во скопската катедрала по повод прославата на патронот на скопската бискупија и катедралната парохија.

Воeниот бискуп монс. Вукшиќ во петок 03 јуни во претпладневните часови помеѓу останатото ќе се сретне со министерот за одбрана на Република Македонија д-р Зоран Јолевски, како и со архиепископот на Македонската Православна црква – ОА, г.г. Стефан.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот