Папата: Со спортот нека  се гради културата на средба

Папата: Со спортот нека  се гради културата на средба

Како малите земји остваруваат меѓународен успех.

По повод семинарот кој ќе се одржи на тема „Спортот како инструмент за човечки, економски и општествен развој“ на 25 август оваа година во Рио де Жанеиро во организација на фондацијата „Гетулио Варгас“ заедно со Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) и Меѓународниот научен центар, папата Фрањо испрати порака која ја потпиша државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, поттикнувајќи ги организаторите и учесниците да продолжат да го промовираат спортот како средство за практикување на добродетелите кои помагаат за целосен човеков раст во општеството, со уверувањето дека спортот не е само облик на забава, туку пред сѐ средство за градење на културата на средба, заедништво и солидарност, сигурен начин за градење на помирен и поправеден свет.

Семинарот е вдахнат од конференцијата која во 2016 година во Ватикан ја организираше Папскиот совет за култура. Првото предавање со наслов „Спортот и верата“ ќе го одржи монс. Мелхор Санчез потсекретар на Папскиот совет за култура и водач на движењето „Спортот во служба на човештвото.“ Второто предавање: „Споротот и општествениот развој“ кое ќе се фокусира на спортиските достигнувања на Исланд, ќе го одржи Видар Халдорсон, професор на Универзитетот Исланд, член на Исландскиот центар за истражување и општествена анализа, автор на голем број прилози за споротот, вклучувајќи ги статиите: „Супериорноста на спортот во социјалниот контекст“ и „Спортот на Исланд: како малите земји остваруваат меѓународен успех.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот