Архивските материјали за понтификатот на Пио XII достапни за научниците

Архивските материјали за понтификатот на Пио XII достапни за научниците

Откако документите за активностите на папата Пио XII станаа достапни од 2 март 2020 година, историчарот Матео Луиџи Наполитано се осврна на документи кои го докажуваат вниманието на Ватикан кон судбината на европските Евреи.

По повод недамнешниот Ден на сеќавање на холокаустот Обединетите нации тој настан за прв пат го одбележаа со средба во Стаклената палата во Њујорк, оганизирана под покровителство на Постојаниот набљудувач на Светиот престол во Обединетите нации. На средбата меѓу предавачите беше и Матео Луиџи Наполитано, професор на Универзитетот на италијанската покраина Молиса и советник на Папскиот одбор за историски науки.

Како научник, истражувач за улогата на Светиот Престол за време на нацистичките прогони, беше меѓу првите историчари кои го искористија отворањето, на 2 март, на архивските материјали кои се однесува за папството на папата Пио XII (од 1939 до 1958 година). Осврнувајќи се во разговор за Радио Ватикан за резултатите од првиот ден на истражувањето во Историскиот архив на Одделот за односи со државите во Државниот секретаријат, професорот пред сè напомена дека за време на сите години за интересот за активностите на Пио XII и со холокаустат, бил многу возбуден и помалку се чувствувал – како што рече – како на првиот ден на училиште.

Целиот архивски материјал за Пио XII е дигитализиран – напомена професорот и додаде: Навистина се наоѓаме во целосна дигитална демократија. Освен што целата архива е отворена, секој научник од своето место има секогаш пристап до секој документ, истовремено со другите, односно не мора да чека некој друг да заврши со прегледување на одредени документи.

Во врска со документите што се однесува за прогонство на Евреите, професорот Наполитано истакна дека од нив е видливо постојаното внимание на Ватикан кон Евреите во тие години, и напомена дека е очигледен континуитетот меѓу папството на Пио XI и папството на Пио XII. Пронајдов серија во која се собрани документи на овие два понтификата со потполно иста тема. Имаме одредби за помош на емиграцијата, документи поврзани со визи во неутрални земји, и сето тоа за време на Втората светска војна.

Имаме документи – додаде професорот – во кои многу американски граѓани, вклучително и самите власти во Соединетите Американски Држави, изразуваат благодарност до Светиот Престол за сè што има направено за Евреите во тој период. Станува збор за архивски материјали кои докажуваат постоење на цврсти мрежи на односи со цел спасување на прогонети лица кои произлегуваат од двата понтификата и стануваат важни во моментот кога избувнува Втората светска војна, а Хитлер се обиде да го оствари својот план за системстско истребување н а европските Евреи – рече професорот Наполитано.

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот