Сестра Славка прослави 50. години монашки јубилеј

Сестра Славка прослави 50. години монашки јубилеј

Во вторник 1 мај 2018 година, во капелата на сестрите Милосрдни во Скопје со свечена Литургија беше прославен 50. годишниот монашки јубилеј на с. Славка Ташева. Светата Литургија ја предводеше о. Петар Ташев, заедно со о. Димитар Ташев. На прославата беа присутни најблиските роднини. Во проповедта нејзиниот брат отец Петар зборуваше за Божјиот повик и спремноста да се одговори на тој повик.

Сестра Славка Ташева Бог ја повика на 1 мај 1968 да му служи нему и на ближниот. Таа е родена на 07.09.1951 година во Радово. Својот монашки живот го поминува во Србија, Хрватска, Словенија и Македонија.

РВ/к.мк

Таг: 50 години монашки јубилеј

Клучни зборови: монашки јубилеј, сестри милосрдни, Скопје

Категорија: Вести, Македонија

За авторот