Порака на папата Иван Павле II до жените кои извршиле абортус

Порака на папата Иван Павле II до жените кои извршиле абортус

Покрај мајката, за смртта на уште нероденото дете, често пати одлучуваат и други лица. Пред сѐ таткото на детето може да биде виновникот, не само кога дирекно ја присилува жената на абортус, туку и кога индиректно ја подржува таквата нејзина одлука, бидејќи ја остава сама пред проблемите на бременоста: на тој начин семејството смртно се ранува и понижува во својата природа како заедница на љубов, како и повикот да биде „светилиште на животот“.

Не треба да се премолчат и поттиците кои доаѓаат од пошироката семејна средина и од пријателите. Неретко жената е изложена на притисоци и тоа толку силни што психолошки чувствува дека треба да попушти и да прифати абортус: тука нема сомнеж дека во тој случај моралната одговорност паѓа посебно на оние кои директно или индиректно ја присилувале на абортус. Исто така одговорни се и лекарите и лекарскиот персонал, кога стекнатите способности за промовирање на живот ги ставаат во служба на смртта… (EV 59)

Посебна мисла сакам да посветам на вас жените, кои сте посегнале по абортусот. Црквата знае дека многу причини влијаеле на вашата одлука, и не се сомнева дека во многу случаи се работело за мачна, можеби и драматична одлука. Најверојатно раната на вашата душа уше не е зарасната. Во суштина она што се случило, било и останува многу неправедно.

Но сепак не дозволувајте да ве зафати обесхрабреност и не ја оставајте надежта. Треба да знаете да разберете, пред сѐ, тоа што се случило протолкувајте го во неговата вистина. Ако тоа не сте го направиле, отворете се понизно и со доверба на покајанието: Отецот на секое милосрдие ве очекува за да ви го понуди своето простување и својот мир преку светата Тајна Исповед. Ќе забележите дека ништо не е изгубено, а ќе можете да побарате простување и од свето дете, кое сега живее кај Господ.

Помогнете со совет и близина на пријателите и стручните лица, со своето сведоштво ќе можете да бидете меѓу најревните на правото на живот за сите. Со своето залагање за заштита на животот, крунисано евентуално со ново создание, прифаќање и внимание кон луѓето кои имаат најголема потреба од човечка близина, ќе станете творци за нов начин на гледање на човечкиот живот (ЕV 99).

Папа Иван Павле II., Evangelium vitae

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот