Синода за Црквата во Амазонија

Синода за Црквата во Амазонија

Светиот Отец ни кажа дека сака да се одржи синода посветена на амазонските народи – рече надбискупот метрополит на Салвадор, Пињеиро Гарсија Калдерон, претседател на Епископската конференција на Перу, зборувајќи за ватиканскиот весник Осреваторе Романо, а по повод посетата „Ад Лимина“.

На таа вест за Радио Ватикан се осврна кардинал Клаудио Хумес, претседател на Панамозонската црковна мрежа и истакна дека тоа е многу важна вест во поглед на подобра инкултурирана Црква, со амазонско лице; Црква која се ангажира за заштита на Амазонија, која би можела да биде потполно уништена, опустошена и обезвреднета!

Пред сѐ во Амазонија има многу малку мисионери, недостасува поголема близина со домородните народи, најмногу во внатрешноста на Амазонија – истакна кардинал Хумес. Домородниот народ поради тоа се жали, сака Црквата да им биде поблиска и додаде: Можеби некогаш била поблиска, но денес од повеќе причини е малку присутна. Освен тоа тука е прашањето за инкултурација, на Црквата треба да и се даде амазонско лице, а тоа подразбира Црква која е инкултурирана во изворната култура на тоа место. Тоа е долг пат, а синодата би можела да поттикне да се упатиме на вистинскиот пат – рече кардинал Хумес.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот