Ангел Господов: Христијаните се повикани да го обноват заедништвото со Исус

Ангел Господов: Христијаните се повикани да го обноват заедништвото со Исус

Папата Фрањо истакна дека за да се спасиме мора да го љубиме Бог и нашиот ближен – „и тоа не е пријатно“.

За време на молитвата Ангел Господов во недела, 25 август 2019 година, папата Фрањо се осврна на литургиското Евангелие од неделата во кое го прашуваат Исус: „Господи, малку ли се оние што ќе се спасат?” Во Исусово време за ова било многу дебатирано. Меѓутоа, Исус го свртува прашањето, рече Папата. Наместо да се задржи на бројот на оние кои ќе се спасат, без разлика дали се малку или многу, Господ го префрла одговорот на одговорноста, повикувајќи нè добро да го искористиме сегашното време.

„Обидете се да влезете низ тесната врата“

Исус ги повикува сите „да влезат низ тесната врата“, покажувајќи дека не станува збор за број, туку за „минување низ вистинскиот премин, кој е таму за сите“. Папата Фрањо објасни дека „Исус не сака да нè измами „со ветувања за прекрасен автопат, на крајот широка врата“. Напротив, преминот е да го љубиме Бог и нашиот ближен – и тоа не е „пријатно“. Тој тоа го бара од нас и потребно е да „се стремиме“, при што Папата рече дека е потребна „одлучувачка и упорна волја за да се живее според евангелието“.

Потсетувајќи на параболата од Евангелието, оние што останале надвор кога домаќинот на куќата ја затвора и ја заклучува вратата, папата Фрањо рече дека Господ нема да нè препознае заради нашите титули, туку само поради „нашиот понизен, добар живот, живот на вера со дела“.

Дарување на нашите животи за доброто на нашите браќа и сестри

За христијаните, рече Папата, тоа значи „дека ние сме повикани да го обновиме заедништвото со Исус, да се молиме, да одиме во црква, да пристапуваме на Светите Тајни и да го пазиме Неговото Слово. Ова нè одржува во верата, ја храни нашата надеж и ги поттикнува добрите дела“.

На овој начин, Папата рече, „преку благодатта Божја, можеме и мора да го поминеме животот за добро на нашите браќа и сестри, борејќи се против секоја форма на зло и неправда“.

На крајот папата Фрањо повика да го упатиме погледот кон блажена Дева Марија, која веќе „поминала низ тесната врата, која е Исус“. Од таа причина, тој рече: „Да ја повикаме како Врата на Небото… „врата“ која прецизно го следи Исус: вратата на Божјото срце, срце кое бара и е отворено за сите“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот