Папата се сретна со претседателот на Либан

Ватикан, 3.5.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо го прими на аудиенција во Апостолската палата во Ватикан претседателот на Република Либан, Мишел Сулејман, кој потоа се сретна со Ватиканскиот државен секретар, кардинал Тарчизио Бертоне и монс. Доминик Мамберти, секретар за односи со државите. „За време на срдечниот разговор – се вели во соопштението од Ватиканскиот прес центар – се разговараше за ситуацијата во земјата, при што се потенцираше важноста од дијалог и соработката меѓу членовите на различните етнички и верски заедници, кои го составуваат и збогатуваат општеството, а во корист на општо добро, развој и национална стабилност. Исто така беше изразено задоволство од формирањето на новата влада, која мора да се бори со важни предизвици на национално и меѓународно поле. Освен тоа беше разгледана ситуацијата во регионот, посебно сирискиот конфликт, при што беше изразена загриженост за големиот број сириски бегалци, кои бараат прибежиште во Либан и во соседните држави, за кои, како и за целото население кое страда, беше упатен апел за поголема хуманитарна помош со поддршка на меѓународната заедница.

Покрај тоа, беше побарано обновување на преговорите меѓу Израел и Палестина, кој е неопходен за мирот и стабилноста во регионот. Не беше заборавена и тешката ситуација на христијаните во целиот Среден Исток, како и големиот придонес и охрабрување кое го дава Апостолското постсинодално писмо„Црквата на Блискиот Исток.“ (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<