Папата предводеше покорничка богослужба во базиликата Свети Петар

Папата предводеше покорничка богослужба во базиликата Свети Петар

На 17 март 2017 година вечерта, папата Фрањо ја предводеше покорничката богослужба во базиликата Свети Петар во исчекување на молитвената иницијатива „24 часа за Господ.“

За време на богослужбата Светиот Отец исповеда седум лаици – три мажи и четири жени. Канцеларијата за печат на Светиот Престол јави дека Папата исповедал околу 50 минути.

Папата Фрањо ја предводеше покорничката богослужба една недела пред почетокот на настанот „24 часа за Господ“, иницијатива на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација. Имено верници од целиот свет внатре во секоја бискупија идниот петокот и сабота на располагање треба да имаат една црква која ќе биде отворена за исповед цел ден и ноќ: од петок до сабота попладне. Темата на овогодинешната иницијатива е земена од Евангелието според Матеј и гласи: „Милост сакам“ (Мт 9, 13).

Во петок на 24 март 2017 година црквата Santa Maria in Trastevere i Le Stimmate di San Francesco, ќе биде отворена за верниците од 20 часот, кои ќе можат да се исповедат и да се молат пред Пресветата Тајна Евхаристија. Во сабота, на 25 март 2017 година, богослужба за благодарност ќе се одржи во црквата Santo Spirito in Sassia. Монс. Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, ќе ја предводи Првата Вечерна во Четвртата недела од Великиот пост.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот