Парите треба да служат, а не да господарат

Парите треба да служат, а не да господарат

Бидете внимателни на три предизвици: квалитетното користење на парите, чесноста и солидарноста – им порача папата Фрањо на учесниците на конференцијата „Бизнис лидерите како работници на економската и социјалната вклученост“.

Бидете внимателни на три предизвици: квалитетното користење на парите, чесноста и солидарноста – им порача папата Фрањо на учесниците на конференцијата „Бизнис лидерите како работници на економската и социјалната вклученост“ која ја организираше Папскиот совет за Правда и мир и Меѓународната христијанска унија на бизнисмените (UNIAPAC).

Светиот Отец предупреди дека парите треба да служат, а не да господарат. Парите немаат неутрална вредност, туку добиваат вредност со оглед на целта и околностите за кои се користат. Кога некој ќе потврди неутралност на парите потпаѓа под нивната моќ. Компаниите не би смеело да постојат за да создаваат профит, туку за да служат – смета Папата. Воедно ја осуди „матната логика“ на пазарите во кои кредите се подостапни и поповолни за оние кои поседуваат средства, а за оние кои немаат доволно средства се тешко достапни и тоа до таа мерка што најсиромашните често се препуштени на бескрупулозните заемодавци. Тоа се случува и на меѓународно ниво – рече Папата.

Потоа Папата се осврна на вториот предизвик за деловните луѓе: чесноста. Тој истакна дека корупцијата е најлошата општествена чума. За него таа е идол и закон на џунглата лишена од секој вид на социјална причина. Светиот Отец рече дека секој обид за корупција активен или пасивен претставува почеток на почитувањето на богот на парите и порача дека токму голем број од првите христијани во римското време биле мачени затоа што одбиле да почитуваат идоли.

Третиот предизвик според папата Фрањо е солидарноста. Папата нагласи дека праведниот однос помеѓу менаџерите и работниците треба да се бара и почитува од сите страни. Но, во исто време компанијата е деловна заедница во која сите заслужуваат почитување и братско уважување од своите претпоставени, колегите и претпоставените. Станува збор за почитувањето кое би требало да се прошири и на локалната заедница.

Светиот Отец во овој контекст допре и до темата за мигрантите и бегалците потсетувајќи ги присутните деловни луѓе дека голем број нивни претци и самите биле мигранти кои ги изградиле своите компании и бизниси. Тој ги повика да соработуваат во создавањето на работни места кои ќе овозможат достојна и стабилна работа, како во местата од каде што мигрантите доаѓаат, така и во оние во кои се вселуваат. Миграцијата треба и понатаму да биде важен фактор за развојот – рече Папата и на крајот пред очи им го стави примерот за цариникот Закхеј за своите деловни активности секогаш да ги ставаат во служба на општото добро.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот