Постоперативното закрепнување на папата Лав „напредува нормално“

Постоперативното закрепнување на папата Лав „напредува нормално“

На третиот ден од престојот во болницата, лекарите на папата Лав XIV соопштија дека утринската рендгенска снимка на градниот кош покажала „добро закрепнување на оперираното белодробно крило“.

Д-р Луиџи Карбоне и професор Стефано Маргаритора ги објавија следните информации за постоперативното закрепнување на Папата:

„Утрово, Светиот Отец беше подложен на рутински прегледи, кои покажаа нормални резултати. Рендгенската снимка на градниот кош покажа добро закрепнување на белодробното крило кое беше оперирано. Тој самостојно ги извршуваше своите секојдневни активности. Неговата физиотерапија вклучуваше целосен опсег на физички активности.“

„Севкупно, неговото постоперативно закрепнување напредува нормално.“

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот