Средба на пријателства:  „Ти си добро за мене“

„Ти си добро за мене“ е темата на XXXVII Средба на пријателства меѓу нардоите која се одржува во Римини. По тој повод Светиот Отец испрати порака на месниот бискуп монс. Франческо Ламбијасиј.

Светиот Отец напоменува во пораката дека е потребна „храброст  за да се признае“ дека другиот за нас е добро додека се чини дека многу фактори кои нè опкружуваат сакаат „да водат во спротивна насока“.

„Често се паѓа во искушение за затворање во тесниот хоризонт на сопствениот интерес, така што другите стануваат нешто површно или уште полошо, нешто што ни пречи, препрека. Но тоа не е во согласност со нашата природа: уште како деца ја откриваме убавината на врската меѓу луѓето, учиме да им излеземе во пресрет на другите, препознавајќи и почитувајќи го како соговрник и брат, затоа што и тој е дете на истиот Отец кој е на небесата. Наместо тоа, индивидуализмот оддалечува од човекот, се фокусира над сите граници и недостатоци, слабеејќи ја желбата и способноста за соживот во која секој може да биде слободен и среќен во друштво на другите со богатството на нивните различности“ – стои во пораката која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар.

Соочени со закани за мирот и сигурноста, потребно е да се повика во свеста дека животната несигурност е всушност она што предизвикува страв пред другите, како да е тој „антигонист кој ни го одзема животниот простор и ги преминува границите кои сме си ги изградиле“. Пред промените во кои сите сме вклучени, „кој може да мисли дека ќе се спаси сам и со соспствена сила? Тоа е претпоставка која е во изворот на секој конфликт меѓу луѓето“ – напишано е во пораката.

„По примерот на Господ Исус, христијанинот секогаш ја негува мислата отворена кон другиот, кој и да било тоа, затоа што ниту една личност не е неповратно изгубена“. За да се промени нашиот свет треба надежта која ја негувал добриот отец за изгубениот син да „биде леќа преку која луѓето меѓусебно би се гледале. На цариникот Закеј и на добриот разбојник на крстот, Исус гледаше како на Божји созданија на кои им е потребна спасителна прегратка. Дури и Јуда, во моментот кога го предаваше на неговите непријатели, слушна како Исус го вика „пријател“ – стои во писмото на Папата.

„Има еден збор кој никогаш не треба да се умориме да го повторуваме и над сè да го сведочиме: дијалог. Ќе откриеме дека отворањето за другите не нè осиромашува, туку не збогатува затоа што прави да ги сфаќаме другите“ и ја воочуваме „важноста на неговото искуство и позадината на она што го говори“, па и тогаш кога не се согласуваме со неговите „ставови и избори“.

Во вистинската средба – според папа Фрањо – постои јасност во сопствениот идентитет, но и подготвеност „да ги облечеме туѓите чевли“ за да се сфати што се наоѓа во неговото срце. Така може да се започне дијалог по кој се „напредува на патот кон новата синтеза која го збогатува и едниот и другиот“.

Толку многу пресврти пред кои често се чуствуваме беспомошни сведоци, всушност се повик повторно „да го откриеме темелот на заедништвото меѓу луѓето за нов почеток“ – смета Папата. Придонесот на Исусовите ученици – продолжи тој – се состои во „навестување на Евангелието, што денес многу повеќе отколку некогаш значи да се оди во пресрет на човековите рани, носејќи сила и едноставна Исусова присутност, негово утешително и охрабрувачко милосрдие“.

Светиот Отец ги поттикна ученсиците на Средбата на пријателствата меѓу народите во Римини  да размислат дека она што ги разбива синџирите не е сила на алат, туку кроткост и милосрдната љубов на Отецот. Таа милост Бог ја пружи „во светите Тајни, особено во Евхаристијата и Исповдта, за да потоа ја даруваме на браќата“ – стои на крајот на пораката на Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот