Папата Фрањо го прими полскиот претседател Анджеј Дуда

Папата Фрањо го прими полскиот претседател Анджеј Дуда

Конфликтот во Украина и безбедноста и мирот во Европа беа теми на средбата на папата Фрањо со полскиот претседател.

Папата Фрањо во петок 1 април 2022 година во аудиенција во Апостолската палата во Ватикан го прими претседателот на Република Полска Анджеј Дуда, кој подоцна се сретна со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин и со надбискупот Пол Ричард Галагер, државен секретар за односи со државите.

Според соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол срдечните разговори се фокусирале на тековниот конфликт во Украина и безбедноста и мирот во Европа. Во овој контекст, соговорниците посветија посебно внимание на состојбата со украинските бегалци и раселени лица и потребната хуманитарна помош.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот