Пресвета Троица
Исус им рече на своите апостоли: „Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината“ (Иван 16, 12-15).
Постои една растечка убавина и ангажираност во трите празници кои ги прославивме последниве три седмици. На денот на Вознесението бевме повикани да го сретнеме Исус, кој се вознесе на небото, кој не нѐ остави сами, но продолжува да живее со нас, секогаш присутен и консултирајќи нѐ секој ден на секогаш нов и предизвикувачки начин. Додека на денот на Педесетница, за Црквата беше обновен повикот за сведочење на Христовиот Дух, кој е Дух на животот, на храброста и љубовта, почуствуван во внатрешноста и разборитоста на милосрдната љубов.
На крај, на денешната свеченост посветена на Пресветата Троица, Црквата е повикана да го подигне погледот кон изворот на љубовта и почетокот на хармонијата. Еден повик во денешницата повеќе од кога и да е потребно наспротив еден свет кој се појавува сѐ повеќе „нехармоничен“ и лишен од љубов.
Секако, од сите овие празници на верата кои ги празнуваме, торжеството на Пресвета Троица веројатно претставува помеѓу оние помалку „вклучени“ под емотивниот и сениментален профил. Можеби затоа што, кога зборуваме за Пресветата Троица, веднаш на памет нѝ доаѓаат зборови и формули помалку разбирливи (некои од нив ги среќаваме, на пример, уште на почетокот од светата Литургија). Тоа се зборови и формули кои не помагаат да се оди до срцето на оваа „таинство“ кое сепак тоа е самото срце на нашата вера.
ЕДЕН БЛИЗОК БОГ. Навистина, Исус никогаш директно не го употребил зборот „Троица“. Изразот, всушност, припаѓа на теологијата и катехезата. Но токму Исус е оној кој, во интерпретација на зборовите кој ги употребил, нѐ запозна и нѝ овозможи да ги искусиме плодовите од Светотроичната тајна; Тој е кој дојде да нѝ каже и да нѝ даде искуство за еден Бог близок на човекот, заинтересиран за неговата судбина. За време на Својот овоземен живот, сите Негови зборови и Негови гестови беа насочени со цел да нѝ го покажат планот на љубовта на Бог Отецот, реализиран од Исус неговиот Син и одржан вечно жив за нас преку дарот на Светиот Дух.
Со други зборови, Исус нѝ рече дека Бог, во кој веруваме, не е Бог кој живее во неговата прекрасна осаменост: Тој е реципроцитет, однос, размена, средба, прегратка. Тој е Бог кој живее во заедништвото и од заедништвото.
Покрај тоа, од библиска гледна точка, „таинството“ на Пресвета Троица е историја на една љубов која не се затвора во самата себе, туку која се претвора во создавање, во откупување, во просветување. Всушност, тоа е историја на еден сестран дар кој Бог го излева врз човештвото, и која тотално се променува доколку некој Го прифати, со тоа што Бог станува „близок“ со него, правејќи го Свој „пријател и семејство“.
Прославувањето на Пресвета Троица, значи, не може и не треба да се сведе на едно прашање на концепти и зборови та да се разбере, туку е еден ентузијастички избор на заедништво живеено со Бог кој е Љубов, и кој се дарува за нас во Исус Христос.
Фамилија Христијана/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк