Папата: Да се сеќаваме на големите Божји дела

Христијанинот секогаш треба да се сеќава како Бог се појавил во неговиот живот затоа што тоа ја зацврстува неговата вера – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 21 април 2016 во домот Света Марта, додавајќи дека верата е одење на кое треба да се сеќаваш на сè што се случувало во животот.

Бог е наш Спасител

Зборувајќи за првото литургиско читање кое истакнува како свети Павле во синагогата го набројува сето она што Бог го направил за израелскиот народ, од создавањето сѐ до Исусовото доаѓање, Папата рече дека е многу важно да се „потсетуваш на историјата“ затоа што го обновува сеќавањето на главните настани и знаците на Божјото присуство во човечкиот живот.

Треба да се научи историјата за да се согледа Бог нè спаси; со умот и со срцето да се поминува патот сѐ до Исусовото доаѓање. Самиот Исус тоа го кажа во најважниот момент од својот животот – на Велики четврток и петок на Последната вечера – ни го даде своето Тело и Крв и рече: „Ова правете го во Мој спомен.“ За Негов спомен. Треба да се сеќаваме како Бог нè спаси – истакна Папата.

Бог ги почитува нашите одлуки

Црквата светата Тајна Евхаристија ја наречува „спомен чин“, а во Светото Писмо во Книгата Повторени закони се нарекува „книга на Израелевите сеќавања“. И ние во својот личен живот треба да го правиме истото затоа што секој од нас го започнал патот со Бог или одделувајќи се од Господ – рече папата Фрањо.

На христијанското срцето тоа му помага да се сеќава на своето одење, да се прашува: Како Господ ме водеше до тука? Да се сеќава и на тоа колку пати на Господ кажал: Не, бегај, не сакам! Бог ги почитува нашите одлуки. Полн е со почит. Но, треба да се сеќаваме, не заборавајќи на сопствениот живот и одењето низ животот; често треба да се сеќаваме на големите дела Божји: Во она време Бог ми ја даде ова милост, ја услиша мојата молитва, ме избави од опасност, Неговата рака ме следеше затоа што така остваруваме нова благодарна средба – рече Папата.

Спомен на убави работи

Од срце треба да му благодариме на Исус кој секогаш е присутен во нашиот живот. А често ние во лице му ја затвораме вратата, правејќи се дека не го гледаме, не веруваме дека е со нас. Многу пати сме го негирале неговото спасение… Но Тој секогаш бил со нас.

Сеќавањето нè приближува до Бог. Сеќавањето на делата кои Бог ги направил во нас при повторното создавање, повторното раѓање кое е поголемо од создавањето на Адам. Едноставно ви го советувам ова: сеќавајте се! Каков беше мојот живот, мојот денешен ден, ова последна година? Споменувајте си го својот однос со Бог, спомнувајте си за прекрасните дела кои Бог ги направил во секој живот – поттикна папата Фрањо.

РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот