Кардиналот Паролин се сретна со премиерот Димитриев

Во петокот 18 март во Владата на Република Македонија се одржа официјална средба на државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин со претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев. На самиот почеток се обрати премиерот Димитриев, изразувајќи го задоволството од можноста Република Македонија за прв пат да биде домаќин на еден великодостојник на Католичката црква. Оваа посета има искулчителна важност бидејќи Република Македонија и Ватикан споделуваат заеднички вредности и се воспоставуваат црвсти односи меѓу двете земји, рече Димитриев.

Потоа тој истакна: „Цивилизациското наследство на Мајка Тереза и светите браќа Кирил и Методиј создадоа нераскинливи историски врски за кои се обврзавме дека ќе ги негуваме и во иднина.“ Исто така Димитриев ја истакна городста по повод канонизацијата на блажена Мајка Тереза, настан кој ќе се случи на 4 септември оваа година, додавајќи дека Македонија достојно ќе се вклучи со низа пригодни манифестации. Добрите релации меѓу Ватикан и Република Македонија се одраз на меѓусебно разбирање и почит, а Димитриев посочи дека постојат неискористени потенцијали за натамошно унапредување како на билатерален, така и на меѓународен план. На оваа средба станало збор и за плодната соработка со Католичката црква во Македонија и нејзината конструктивна улога како столб за меѓунационалниот и меѓурелигискиот соживот. Исто така премиерот Димитриев и кардиналот Паролин разговарале за европската и евроатланската перспектива на Република Македонија. Димитриев рече дека подршката од Ватикан секогаш има особена важност за Република Македонија и истата треба да продолжи со поголем интензитет.

Во обраќањето на прес конференцијата во Владата на Република Македонија кардиналот Паролин ја изрази радоста што се наоѓа во Македонија и благодарноста за поканата која му била упатена од бискупот Стојанов по повод инаугурацијата на бискупската резиденција, а исто така ја изрази и благодарноста за поканата на македонските власти како и за плодниот разговор што се реализира со премиерот Димитриев.

Кардиналот Паролин говореше за содржината на разговорот со премиерот Димитриев. Ги истакна одличните односи меѓу Ватикан и Македонија, а се разговарало и за можност за подобрување на односите во одредени точки. Кардиналот Паролин рече: „Заклучивме дека споделуваме заеднички вредности: промоција на мир, духовни вредности, почитување на разликите и слично. Исто така и за етичките теми кои се поврзани со правото на живот, улогата на семејството во општеството и христијанскиот брак. Говоревме и за почитувањето меѓу религиите, како и проблемите со манипулацијата на религиозните чувства кои се причина за создавање на конфликтни ситуации.“ На средбата се разговарало и за односот меѓу државата и Католичката црква, како и за вниманието што македонските власти го посветуваат кон католичката заедница во Македонија. Паролин рече дека властите изразиле отвореност да се разговара за проблемите и за изнаоѓање на соодветни решенија. Понатаму тој истакна дека „Католичката црква е секако во служба на земјата, во служба на народот, во служба на меѓурелигискиот дијалог и секогаш е подготвена да биде конструктивен елемент во општеството.“

Се разговарало и за актуелните прашања во врска со миграциската криза со која е погодена Македонија, а и Европа. Државниот секретар на Светиот Престол рече дека папата Фрањо се залага за хуман приод кон решавање на ситуацијата, со примена на солидарност, на човечки однос, да се гледа кон бегалците како на луѓе кои се наоѓаат во тешка ситуација и кои имаат потреба од помош. Потребно е да се дојде до хумано решение и да постои дијалог меѓу земјите од кои доаѓаат бегалците, транзитните земји како и земјите кои се крајна цел на бегалците. На земјите кои се наоѓаат на првата линија од приливот на бегалците не треба да бидат оставени сами, треба да им се помогне.

На кардиналот му беше упатено прашање од страна на новинарите за тоа дали е дефиниран датумот за посета на папата Фрањо на Република .Македонија. Државниот секретар на Ватикан истакна дека на оваа средба се говорело за можната посета на папата Фрањо, а како повод за неговото доаѓање во Македонија се спомнува прославата на јубилејот 1100 години од раѓањето на свети Климент Охридиски како и канонизацијата на блажена Мајка Тереза, но сепак сѐ уште не се утврдени точни датуми. Веќе е упатена покана Папата да ја посети Македонија од страна на Владата на Република Македонија и од страна на бискупот Стојанов.

к.мк/Е.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот