Епископот Стојанов го прими новото раководство на Сестрите Евхаристинки во Македонија

Епископот Стојанов го прими новото раководство на Сестрите Евхаристинки во Македонија

На 28 јуни 2021 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во Бискупската резиденција во Скопје го прими новото Провинцијално раководство на Сестрите Евхаристинки: С. М. Бернардина Сирачева, провинцијална настојателка, с. М. Роберта Ристова, провинцијална асистентка – викарија, с. М. Наталија Стојанова, провинцијална асистентка.

По тој повод Неговото Преосвештенство им посака успех во нивното служење во Провинцијата на Божјото провидение под покровителство на Исус во Пресветата Евхаристија и им го подели својот Архиерејски благослов.

Новата провинцијална управа во Провинцијата на Божјото провидение во Македонија беше именувана од Генералната настојателка на Сестрите Евхаристинки, чесна мајка с. М. Јоана Тончева, на 29 мај 2021 година при Генералното заседание.

Провинцијалната управа ја презема должноста на 1 јули 2021 година на празникот Пресвета Евхаристија според јулијанскиот календар.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот