Папата моли за жртвите од нападите во Анкара и Брегот на Слоновата Коска

Меѓу жртвите од терористичкиот напад на Брегот на Слонова Коска се наоѓа и македонската државјанка Анита Андреевска. Папата Фрањо испрати телеграми со сочувство, потпишани од државниот ватикански секретар кардинал Пиетро Паролин, по повод терористичките напади во Анкара и Брегот на Слоновата Коска

Во телеграмата до турскиот претседател Ердоган, папата Фрањо вели дека е „длабоко ожалостен од трагичната загуба на човечките животи, како последица на вчерашната попладневна експлозија во Анкара“ и „ја гарантира на турското население во својата духовна близина и солидарност“. Папата моли од Господ вечен покој за загинатите и утеха за сите ожалостени од загубата и погодените од овој „суров терористички акт“ при што загинаа 34 лица, а повредени се 125 лица. Папата изразува признание за „благородната служба на персоналот за безбедност и повикува Божји благодати за мир, исцелување и сила за целата нација“.

Папата изразува сочувство и за жртвите од „омразениот напад“ извршен, исто така, вчера во два хотела во туристичкиот град Гранд Басам во Брегот на Слоновата Коска, во кој загинаа 12 лица. Во телеграмата до епископот на Гранд Басам, монсињор Рајмонд Ахуа, потпишана од државниот ватикански секретар, кардинал Пиетро Паролин, Папата ја изразува својата духовна блискост кон семејствата на убиените и својата подршка за настраданото население на оваа земјата. На крајот Светиот Отец упатува „остра осуда за насилството и омразата во сите негови форми“.

Меѓу жртвите на терористичкиот напад во Брегот на Слонова Коска е Македонката Анита Андреевска. Андреевска била дел до мисијата на Обединетите нации во оваа афричка земја.

РВ/В.Н./к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот