Струмица: Работилница на Каритас во Струмица
На 10 декември 2015 година во просториите на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се одржа работилница организирана од Македонски Каритас поврзана со волонтерството во парохиите.
На почетокот о. Гоце Костов ги поздрави г-ѓа Броз од Каритас Интернационалис, монс. Циримотиќ директор на Македонски Каритас, о. д-р Зоран И. Стојанов декан на деканатот Свети Кирил и Методиј, а потоа накратко ги презентираше активностите со мигрантите на Парохиските Каритаси „Свети Иван Крстител“ – Струмица и „Свети пророк Илија“- Радово.
На работилницата на која се говореше за Кодексот на однесување во Каритас присуствуваа волонтери од повеќе парохии на Апостолскиот егзархат во Македонија, а ја водеше г-ѓа Броз од Каритас Интернационалис.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Uncategorized