Улогата на „семејниот дух“ во општеството

Пред големо мноштво верници и ходочасници собрани на плоштадот Свети Петар во среда 7 октомври 2015 година, Светиот Отец потсети на почетокот на Епископската синода за семејството. Пред неколку дена започна Епископската синода за „Повикот и посланието на семејството во Црквата во модерниот свет“.

Семејството одејќи на Господовиот пат е главно во сведочењето на Божјата љубов и затоа го заслужува целото црковно внимание. Денес Синодата е повикана да ја толкува таа црковна грижливост и грижа – рече Папата.

Со својата молитва и внимание да ја следиме работата на Епископската синода. Катехезите во текот на Синодата ќе вдахнуваат на некои односи – кои со право можеме да ги наречеме неразрешливи – помеѓу Црквата и семејството, водејќи сметка за благодаттите на целата христијанска заедница. Внимателното набљудување на секојдневието на мажите и жените покажува како насекаде е потребно силно вбризгување на семејниот дух – истакна Светиот Отец додавајќи:

Навистина – стилот на односите – граѓански, економски, правни, професионални и општествени – изгледа многу разумен, формален, организиран, но и многу „дехидриран“, сув и безимен. Понекогаш станува неподнослив. Иако по својот облик изгледа инклузивен во реалноста сѐ поголем е бројот на луѓе препуштени на осаменоста и отфрлањето – објасни Папата.

Семејството на целото општество му отвора човечка перспектива: очите на децата ги отвора за живот – и тоа не само погледот, туку и сите други сетила – претпоставувајќи го човечкиот однос граден на слободна врска на љубовта. Семејството ја воведува во употреба сојузот на верноста, искреноста, довербата, соработката, почитувањето; поттикнува на градење на подобар свет и на создавање на доверба во тешките ситуации, учи да се почитува последниот збор и секој човек, да се прифатат сопствените и туѓите ограничувања – нагласи Папата додавајќи:

Сите сме свесни за незаменливоста на семејната грижа за најмалите членови, најранливите, болните и најнесреќните. Ако некој во општеството за нив се грижи, тоа го научил од семејниот дух, а не од конкуренцијата и од желбата за самоостварување. Иако е многу добро позната улогата на семејството сепак во политичката и економската организација на современото општество не му се дава должното признание и поддршка. Би сакал да кажам и нешто повеќе: Не само што семејството не го ужива соодветното признание, туку и не поучува повеќе! Понекогаш би се кажало дека модерното општество не е повеќе способно со својата наука и технологија и спознанието да ги претвори во најдобри облици на граѓански соживот – рече папата Фрањо.

Не само што организацијата на заедничкиот живот се повеќе се губи во бирократијата која нема врска со основните човечки врски, туку општествените и политичките обичаи сѐ повеќе покажуваат знаци на опаѓање – агресивност, нискост, презир … што е значително под прагот и на најслабото семејно воспитание. Во оваа рамка се граничи со подвиени односи – односно технократска тапоглавост и незаинтересираност за општото добро (аморален фамилизам) – се поврзуваат и взаемно хранат, а тоа е парадоксот – рече Светиот Отец.

Црквата денес точно во овој момент ја открива историската смисла на своето послание го гледа семејството и вистинскиот семеен дух поаѓајќи од внимателното преструктуирање на животот. Би можело да се каже дека за Црквата устав е „семејниот дух“: христијанството треба такво да се покажува и такво треба да биде. Со јасни зборови е напишано: „Вие веќе не сте туѓи придојдени – вели свети Павле – туку сте им сожители на светиите и свои на Бога“ (Ефесјани 2, 19) Црквата е и треба да биде Божјо семејство – истакна Папата.

Кога го повикал Петар да го следи, Исус му ветил дека ќе го направи „рибар на луѓе“, а за тоа е потребна нов вид на мрежа. Денес можеме да кажеме дека семејството е најважната мрежа за Петровото и Црковното послание. Таа мрежа не става во затвор. Напротив, ослободува од лошите води на напуштање и рамнодушност кои во морето на осаменоста и рамнодушноста се дават многу човечки битија. Семејството добро знае што е чувството на достоинство на децата, а не робови или туѓинци или само број на лична карта – рече Папата.

Во семејството Исус го започнува свое одење меѓу човечките битија за да ги увери дека Бог не ги заборавил. Оттука Петар црпи сила за својата служба. Оттука Црквата верувајќи на зборовите на Учителот излегува да лови на брегот сигурна дека уловот ќе биде чудесен, ако верува во Исус. Папата посака восхитот на синодските оци поттикнат од Светиот Дух да ја распламти желбата на Црквата да ја напушти старата мрежа и одново да започне да лови, надевајќи се на Словото на својот Господ. Упорно да молиме тоа да се случи! Меѓу останатото Христос вети и нѐ охрабрува: акоо лошите татковци на изгладнетите деца не одбиваат да им дадат леб, а зар Бог нема да го даде Духот на оние кои – иако несовршени – страствено со упорност молат (сп. Лк 11, 9-13) – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот