Света Литургија за почеток на новата пасторална, училишна и академска година

Во недела 27 септември 2015 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија д-р Киро Стојанов ја предводеше светата Литургија за почетокот на новата пасторална, училишна и академска година во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје.

После навестувањето на Светото Евангелие следеше краток чин на примање во министрантска служба на Емануел Мавров. После облекувањето на министрантската пблека тој прими од бискупот крст како знак на почеток на оваа служба.

Потоа следуваше хомилија на бискупот во која што тој наведе еден прекрасен пример од животот на светиот Иван, во кој што светиот Иван му помогнал на еден млад човек да се врати на вистинскиот Христов пат. Преку овој пример бискупот порача дека сите ние како парохиска заедница, почнувајќи од бискупот, свештениците, вероучителите, родителите и сите во заедницата сме повикани да им да им ја пренесеме на децата и младите вистинската Христова наука, да им понудиме едно здраво воспитување и растење во верата.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот