Струмица: Среќен роденден Цркво

На крајот од светата Литургија на Духовден 31 мај 2015 година неколку деца од веронаучната група во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица, пеејќи ја многаја лета влегоа во црквата со креативна торта, при што на присутните верници им го честитаа празникот Педесетница – роденденот на Црквата, носејќи натпис: Среќен роденден Цркво!

Во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица секоја недела после светата Литургија се одржува веронаука за деца, како и подготовка за Прва Света Причест. Покрај веронаучната група во парохијата има и министрантска група составена од десетина деца.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот