Братството е можно во Европа ако луѓето се отворени кон Бог

Во Европа братство може да се оствари само ако луѓето се отворени кон Бог – рече Светиот Отец во пораката за 1400 годишнината од смртта на свети Колумбан, а се обележа со Литургија во местото Бобио, во италјанската покраина Пијаченца, на која учествуваа разни монашки заедници од Европа.

Во срцето на Европа може да има братство меѓу народите само ако постои цивилизација отворена за Бог – стои во пораката на Папата, која што ја потпиша неговиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, упатена на епископот Џани Амбросио, по повод 1400 годишнина од смртта на свети Колумбан.

Колумбан во своето мисиско делување секогаш го негувал европскиот идеал, имајќи ја во предвид соработката на сите христијани за да можат да живеат во мир и единство разните европски. Неговиот молитвен, покорнички и научен живот никогаш не го одделувал од разните верски и политички случувања, уште повеќе, повеќе пати во нив одлучно се вклучувал, повикувајќи се на строгиот лик на свети Иван Крстител – стои во пораката.

По триесетгодишниот престој во манастирот, Колумбан усвојува аскетски идеал, својствен за ирските заедници: поклонение заради Христа и поклонение во континентална Европа со намера да го објави светлото на Евангелието во некои европски краеви каде по провалата на народите од североистокот, христијанството е заборавено. Со дружината монаси се истовара на брегот на Бретанија и благодарејќи на добронамерното прифаќање на владетелите на Франките, ја започнува бараната евангелизација на Европа, меѓутоа не наметнувајќи вера, туку со животна привлечност на монашкиот живот: со сведочење на луѓето кои молеле, ја обработувале земјата и учеле, со работа, со скромен живот и строг морал – стои во пораката.

Свети Колумбан – потсетува Папата – бил „повластен канал на Божјата милост“, привлекувајќи реки на поклоници и покорници, а во многу нови манастири примајќи млади, кои го прифаќале монашкото правило. Уверен дека милоста е посебна потпора на Провидноста на секое човечко создание кое во својот живот со вера ја прифаќа Божјата љубов, бестрашно ја навестува честата исповед, како незаменливо средство за сериозно одење кон преобраќање – нагласува Папата во пораката.

Неговите манастири станале извори на духовна, интелектуална и општествена култура. Последниот дел од животот го поминал во местото Бобио: во манастирот кој сам го подигнал и кој и денес е средиште на културата, каде се чуваат неговите земски останки. До крајот на животот неуморно го навестувал духовното единство на европските народи, настојувајќи да се премостат раздорите, кои на северот од Италија ги предизвикала ариевската ерес.

Како што заклучи папата Бенедикт XVI, светиот Колумбан навистина може да се смета за еден од „Отците на Европа“. Неговата голема култура, како и неговата духовна сила и морален стил јасно покажуваат од каде треба да се црпи за да може да се обнови таквата култура и на европско тло и во наше време – стои на крајот од пораката на Папата.

РВ/к.мк/Д.И.

Неедозволенопреземањенаоваасодржинаилиделовиоднеазапонатамошнокористењевопечатена, дигиталнаилибилокојадругаформанаумножувањебезписменадозволаодредакцијатанаКатолици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот