Папата Фрањо и рускиот претседател Путин ќе се сретнат во четврток

Папата Фрањо и рускиот претседател Путин ќе се сретнат во четврток

Оваа средба ќе биде трета по ред помеѓу папата Фрањо и рускиот претседател Владимир Путин

Папата Фрањо во четврток, 4 јули 2019 година повторно во Ватикан ќе го прими рускиот претседател Владимир Путин. После првата средба во 2013 и втората во 2015 година и трета во четврток ќе се одржи како приватна аудиенција. За можни разговори би можеле да бидат ситуацијата во Сирија, христијанското присуство на Блискиот Исток, као и конфликтот во Украина.

Надбискупот на Москва, Паоло Пеци изрази оптимизам во пресрет на средбата со Путин. Добро е што ќе се одржи оваа средба, изјави надбискупот Пеци за италијанската новинска агенција СИР: „Папата има нешто да каже, има нешто да предложи, но тој е и оној кој знае да слуша. И тоа ја прави оваа средба да биде динамична. Тоа го прави дијалогот: Средбата да биде можност за размена и збогатување, а не конфронтација”.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот