Папата: Да се слушне крикот на исклучените

Треба да се промени еконoмскиот систем во светот и да се замени со глобализација на солидарноста – е една од клучните мисли од долгиот говор на папата Фрањо на втората Светска средба на народни движења одржана на 9 јули во Санта Круз де ла Сиера во Боливија.

Папата истакна дека треба да се слушне крикот на исклучените, да се заштити мајката земја и ја загарантира својата лична близина како и близината на Црквата, во настојувањата на општествените движења и сили.

Говорот на Папата кој повеќе пати беше прекинуван со аплаузот од присутните, меѓународниот печат веќе го нарече еден од најважните во неговото папство. Потсетувајќи пред сè дека Бог го слуша крикот на својот народ, Папата зборуваше за своето видување на најдобриот начин за решавање на големите неправди заради кои – како што рече – трпат исклучените во целиот свет. Притоа истакна дека земјата, домот и работата се „свети права“ и дека вреди да се бориш за нив.

Пред земјоделците без земја, семејствата без дом и работниците без права, Светиот Отец кажа дека треба да признаеме дека ни е потребна промена и да ја посакуваме. Знаеме ли да признаеме дека овој систем е наметнат од логиката за заработка по секоја цена не размислувајќи за општественото исклучување и за уништувањето на природата? – праша Папата.

Глобализацијата на исклучување и рамнодушност треба да се замени со глобализација на надеж која се раѓа во народите и се развива меѓу сиромашните. Потребна е позитивна промена која би можеле да ја наречеме откупителска, а која е потребна на сите народи на планетата, па и на оние богатите во кои како да владее незадоволство и индивидуалистичка жалост која луѓето ги прави робови – рече Светиот Отец.

Кога капиталот ќе стане идол и ги управува одлуките на човечките битија, кога алчноста за пари го следи целиот општествено-економски систем, тоа го уништува општеството – рече Папата – го осудува човекот, од него прави роб, го уништува човечкото богатство, поттикнува народ против народ и како што може да се види се заканува и на нашиот заеднички дом, сестрата и мајката земја.

Охрабрувајќи ги сите понизни и исклучени, невработени млади, домородските земјоделци и уличните продавачи да не се препуштат на песимизот мислејќи дека не можат да направат ништо за да ги решат своите проблеми. Напротив папата Фрањо истакна дека всушност тие најпонизните, искористените, сиромашните и исклучените можат многу да направат. Се осудувам да кажам дека иднината на човечкиот род во голем дел е во вашите раце. Немојте да се потценувате, бидејќи вие сте сеачите на промените што пред сè треба да има промена на срцето – рече Светиот Отец.

Обраќајќи се на претставниците на народните движења, Папата повторно го истакна правото на земја, дом и работа, а од светските водачи побара да бидат креативни и да градат на цврсти темели, на реалните потреби на работниците, исклучените и маргинилизираните семејства. Црквата пак – рече Папата – не може и не смее да биде на страна во таа постапка во навестувањето на Евангелието и тоа придружувајќи ги и промовирајќи ги исклучените од целиот свет.

Папата Фрањо затоа предложи три големи задачи кои – како што рече – бараат одлучна поддршка од сите народни движења. Првата задача е да се стави економијата во служба на народот: на човековите права и природата, имено не смее да биде во служба на парите. Втората задача обединување на нашите народи на патот на мирот и праведноста – рече Папата и додаде – народите во светот сакаат да бидат творци на сопствената судбина. Ниту една власт нема право да ги лиши сиромашните земји од нивната целосна сувереност, а кога тоа го прават гледаме нови облици на колонизација која го загрозува мирот и праведноста (…)

Да кажеме „не“ на старите и на новите облици на колонијализам и да кажеме „да“ на средбата на народите и културите – рече Светиот Отец и побара прошка – како што рече – не само за навредите на својата Црква, туку и за злосторствата направени над домородното население во текот на т.н. освојување на Америка. Истовремено – додаде – ги молам сите да се сетат на епископите, свештениците, монасите и монахињите и лаиците кои го проповедале Евангелието и кои проповедаат често рамо до рамо со домородните народи или следејќи ги народните движења сѐ до мачеништво.

Трета задача која – според зборовите на Папата – можеби е најважна која денес треба да ја преземеме на себе е заштитата на Мајката земја. Нашиот заеднички дом се пљачка, уништува и неказнето се понижува; освен тоа, се нижат меѓународни состаноци, но без никаков поголем резултат – рече Папата и истакна дека народите се повикани да го подигнат својот глас со цел заштита на мајката земја. Не може да се дозволи одредени интереси да се наметнуваат, да се покоруваат држави и меѓународни организации и да се продолжи да се уништува создаденото. Иднината на човечкиот род не е само во рацете на големите водачи, на големите сили и елитата. Таа е најмногу во рацете на народите – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот