Светиот Отец до јапонските христијани

Од 14 до 17 март, Црквата во Јапонија ќе прослави 150 годишен јубилеј од признавањето на јапонските „скриени христијани“, односно верници кои по 250 години прогонство, конечно ја добие слободата на исповедање на својата вера.

По тој повод во Нагасаки ќе отпатува папскиот пратеник, кардиналот Орландо Квеведо, надбискуп на Котабата на Филипините, на кого папата Фрањо му прати писмо наменето за таа мисија.

Во писмото може да се прочита повикот до христијаните да учествуваат во таа прослава на Црквата во Јапонија, но и израз на почитување кон бројните маченици кои ги дале своите животи за таа да се зачува. Поделувајќи им апостолски багослов по повод прославата, папата Фрањо ги спомна сведоштвата на бројните јапонски христијани кои успеале да ја одржат својата вера жива, и покрај мрачните векови. Историјата е таа од која може сите да научиме нешто, истакна Папата.

Историјата на христијанската заедница во Јапонија е за пример. На почетокот на XVII век претрпела грубо прогонство. Имало многу маченици, членовите на клерот биле прогонети, а илјадници верници биле убиени. Во Јапонија не останал ниту еден свештеник, сите биле прогонети, истакна Светиот Отец.

Тоа се случио 1597 година, 50 години по доаѓањето во Јапонија, најнапред на исусовците, а потоа и на фрањевците и домениканците. Шогун веруваше дека во позадина на нивниот апостолат се крие желба за воено освојување. Така христијаните станале „скриени христијани“; живееле во катакомби, а бидејќи немало веќе свештеници, татковците на семејствата ги крштевале своите деца и им ја пренесувале верата.

Меѓутоа, заедницата издржала, прикривајќи ги своите симболи во позадина на будистичките, па така повторно оживеала 1865 година, кога Јапонија им ја отворила вратата на француските мисионери кои на Велики Петок се нашле пред 10 илјади верници. Преживеале по милоста на своето крштение! Тоа е голема работа. Божјиот народ ја пренесува верата, ги крштева своите деца и оди напред. И го одржале, иако во тајност, силниот дух на заедништво, бидејќи по крштението станале само едно тело со Христос; биле изолирани и сокриени, но секогаш биле органи на Божјиот народ, органи на Црквата, истакна Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот