Папата испрати 200 семејства од Неокатекуменскиот пат во мисии
Папата Фрањо прими во аудиенција 7000 члена на Неокатекуменскиот пат, чија харизма е воведување во христијанството и постојано воспитување во верата. Аудиенцијата се одржа
во салата Павле VI во присуство на 200 семејства и 600 деца, кои дојдоа да примат благослов од Папата пред да заминат на мисија
„Колку осаменост, колку страдање и оддалеченост од Бог се присутни на перифериите на Европа, Америка и Азија! – рече Папата, обраќајќи се кон членовите на движењето, предводени од неговите основачи Кико Аргуељо и Кармен Фернандез. Колку многу има потреба современиот човек да слушне дека Бог го сака и дека љубовта е можна.
Папата Фрањо се заблагодари на движењето, истакнувајќи ја неговата карактеристична особина – повик за missio ad gentes (мисија меѓу народите): „Долго време Неокатекуменскиот пат ја врши оваа мисија меѓу нехристијаните, таму каде што нема Црква или не може да се стигне до луѓето“, рече Папата .
„Нехристијани кои не слушнале за Исус Христос и нехристијани кои заборавиле кој бил и кој е Исус Христос, поради секуларизацијата или кои се подредени на световното“, истакна папата Фрањо.
„Но, пред Словото, вашето сведоштво во животот треба да биде сведоштво на Божјото откровение: дека Бог го љуби човекот толку многу, што дури се жртвува себеси, умре и воскресна, за да ни даде благодат и ние да го дадеме нашиот живот за ближните. Современиот свет има потреба од таа големо порака“.
Пред да ги благослови и да им ги предаде крстовите на 33 свештеници водители на мисијата на петте континенти, Папата ги истакна „даровите“ кои Бог му ги додели на движењето: Слово, Литургија, Заедницата, свештенство и богопосветен живот: „Сето ова е утеха, но и потврда дека и денес Светиот Дух е жив и делувајќи во Неговата Црква, одговара на потребите на модерниот човек“.
Почетокот на Движењето Неокатекуменскиот пат започнува во 1960 и денес е распространето во 124 земји, вклучувајќи ја и Македонија
РВ/В.Н.