Кардинал Паролин: Црквата и Папата се блиски со семејствата

Ми изгледа дека Синодата многу добро се одвива, бидејќи се создаде атмосфера на големо братство и слобода, токму таква каква што Папата на самиот почеток побара од нас. Ставајќи ги во предвид тие два погледа еден покрај друг, што се однесува за темата семејство, мислам дека се работи многу добро– истакна за Радио Ватикан државниот секретар на Ватикан, кардинал Питеро Паролин.

Притоа им порача на семејствата во тешкотии дека не е момент за губење надеж; сега е момент да сфатиме дека Црквата и Папата се блиски со семејствата и дека навистина не треба да ја губат надежта, бидејќи бројните проблеми можат да се решат – рече кардиналот и додаде:

Зборувавме за Евангелие на семејството, а Евангелие на семејството е Исус Христос кој е со нив. А ако Исус е во нив, најпрво почнувајќи од светата Тајна женидба, Исус е со брачниот пар и ги следи во сите нивни животни ситуации. Поради тоа што тука е Исус Христос, и покрај потешкотиите нема причина за да се губи надежта – рече кардинал Паролин.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот