Кинеските власти го уапсија бискупот Августин Цуи Таи, од бискупијата Сјуанхуа, која не е службено призната од Пекинг, известува на 22 јуни UCA News.
UCA News се повикува на извори од кинеските локални католици, кои изјавиле дека 70 годишниот бискуп на 19 јуни е одведен на непознато место.
Бискупот Цуи во јануари оваа година се врати во бискупијата како би ја прославил кинеската нова година. „После тоа не е вратен во затвор, најверојатно поради пандемијата со коронавирусот. Бискупот Цуи од 2007 година често престојува во затвор и тоа без да биде суден.
Неговиот последен престој на слобода од јануари до јуни е најдолгиот во последните 13 години. Инаку папата Бенедикт XVI во 2013 година го именува за коадјутор на бискупот Томас Зао Кехуну, кој сега има 96 години.
Ика/к.мк