Папата Фрањо: Расфрлањето е најсуров начин на отфрлање

Папата Фрањо: Расфрлањето е најсуров начин на отфрлање

Папата Фрањо во аудиенција ги прими членовите и волонтерите на Европската асоцијација на банки за храна, по повод 30-годишнината од нивното основање, и истакна дека не е можно да се елиминира гладот од светот, ако не се запре фрлањето на храна

Папата Фрањо упати благодарност до членовите и волонтерите на Банка за храна на Европа, кои ги прими во аудиенција на 18 мај 2019 година, и беше исполнет со восхит за нивната работа, која трае непрекинато 30 години. Станува збор за обврска, која е направена интелигентно и која се повикува на солидарните корени на Европа – рече Папата.

Важно е доброто да биде навистина добро направено; не може да биде резултат на импровизација – предупреди папата Фрањо. Ова бара интелигенција, креативност и континуитет. Потребно е заедничка визија, и луѓето да бидат заедно, тешко е имено да се прави добро ако луѓето меѓусебно не се сакаат.

Во таа смисла вашата активност нѐ навраќаат на солидарните корени на Европа, затоа што бара единство за конкретно добро – истакна папата Фрањо. Убаво е да се видат различни јазици, верувања, традиции и погледи, како се собираат, но не за да ги споделат сопствените интереси, туку за да се ангажираат за достоинството на другите. Она што го правите без многу зборови испраќаат порака дека иднината не се гради барајќи корист за себе; напредокот на сите луѓе, имено расте, ако ги придружува оние кои заостанале – истакна Папата.

Расипувањето е отфрлање и одбивање на другиот

Гладот и фрлањето храна одат едно со друго – истакна Папата. Затоа не е можно да се отстрани едното додека не се запре другото. Фрлањето покажува дека се нема интерес за работите и рамнодушност кон оние кои се лишени од добрата. Фрлањето е најсуров израз на отфрлање – рече папата Фрањо и потсети на Исусовиот гест, откако го подели лебот, побара да се собере преостанатото за да не се расипе ништо (сп. Иван 6, 12).

Да се собира и да се подели повторно; да не се произведува за да се расипува. Фрлањето храна значи отфрлање на луѓе. Економијата е да води грижа за домаќинствата, а станува безлична; наместо да служи на човекот, таа се сведува на ропство, покорувајќи се на финансиските механизми, кои сѐ повеќе се надвор од реалниот живот и со кои сѐ помалку може да се владее. Како може да живееме добро кога луѓето се сведени на бројки, кога сѐ повеќе се појавуваат статистики, а не човечки лица, а животите зависат од берзанските курсеви – истакна папата Фрањо.

Што може да се направи?

Затоа Папата повторно предлага конкретен и солидарен пат за општо добро; пат со одговорност и спротивставување на неправдата и молчењето на мнозина. Работите не се уредуваат со дестабилизирање или сонување за враќање на минатото, туку поттикнувајќи добро, ангажирајќи се за здрави и солидарни начини (…) Потребно е да се подржуваат оние кои сакаат промени за подобро, треба да се подржуваат моделите на раст втемелени на општествена еднаквост, човечко достоинство, семејство, иднина на младите и почитување на животната средина.

Кружната економија повеќе не може да се одложува. Расфрлањето не може да биде последниот збор, кои малобројните добростоечките луѓе го оставаат во наследство, додека поголемиот дел од човештвото молчи – предупреди Светиот Отец и на крајот ги поттикна присутните да ги вклучат сите кои ги сретнуваат, а посебно младите, да им се придружат во промовирањето на доброто, во корист на сите луѓе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот