Папата Фрањо служеше света Миса во Абу Даби

Папата Фрањо служеше света Миса во Абу Даби

Во вторник 5 февруари 2019 година папата Фрањо во 10.30 часот по локално време ја предводеше свечената света Миса во Абу Даби. Во стадионот и надвор од стадионот се собраа околу 180 илјади верници, а во стадионот беа присутни и околу 4 илјади муслимани.

Бидете оаза на мирот, порача папата Фрањо на верници во Zayed Sports City во Абу Даби. Не се потребни посебни дела, доволно е само да се следи Исус со милосрдие и љубов кон браќата, како што ги потсетуваше и свети Фрањо своите собраќа, повикувајќи ги меѓу нив да нема несогласувања и кавги – рече Светиот Отец, пишува Ватикан њуз.

Во Обединетите Арапски Емирати, според црковни податоци, живеат околу еден милион католици, скоро сите работници од други земји, претежно од Африка и Азија. Светиот Отец Фрањо е првиот папа кој го посети Арапскиот полуостров.

k.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот