Светиот Отец во аудиенција ја прими претседателката на Хондурас

Светиот Отец во аудиенција ја прими претседателката на Хондурас

Во четврток 20 октомври 2022 година, Светиот Отец ја прими претседателката на Хондурас, која потоа се сретна со државниот секретар кардинал Паролин и надбискупот Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.

Папата Фрањо во Апостолската палата во Ватикан ја прими претседателката на Република Хондурас, Ирис Ксиомара Кастро Сармиенто, која потоа се сретна со државниот секретар на Светиот престол, кардинал Пиетро Паролин и надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.

Подготвеност за зајакнување на односите

Во срдечниот разговор во Државниот секретаријат – како што се истакнува од соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол – беше изразено задоволство од добрите билатерални односи и желбата за нивно зајакнување, вклучително и постигнувањето рамковен договор меѓу Светиот Престол и Хондурас. Потоа, соговорниците се осврнаа на драгоцениот придонес што Црквата го дава на таа земја, особено во областа на образованието и здравството, како и во делот на каритативната работа, вниманието кон мигрантите и сузбивањето на сиромаштијата.

Борба против сиромаштвото

За време на средбата беа разгледани и други теми, како што се ефектите од климатските промени и борбата против сиромаштијата, а беше истакната и важноста да се продолжи со унапредувањето на општото добро и помирувањето во земјата – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот