Папата до младите луѓе: Преземете ризик

Папата до младите луѓе: Преземете ризик

Папата Фрањо одговараше на прашања од 4 млади Италијанци на собирот на повеќе од 70.000 ходочасници на Circus Maximus во Рим, во саботата вечерта, на 11 август 2018 година.

Поклоничкото патување на повеќе од 70.000 млади Италијанци вклучуваше вечерно молитвено бдение во Рим, во саботата на 11 август 2018 година.

Едно неделното ходочастие беше во организација на Националната служба за млади на Италијанската епископска конференција во врска со синодата за младите која ќе се одржи во октомври и за Светскиот ден на млади во јануари.

Во текот на молитвеното бдение во „Circus Maximus“ папата Фрањо одговори на 4 прашања презентирани од неколку млади луѓе.

Соништата се ѕвезди кои блескаат

Летиција и Лукаматео двајцата му поставија прашање на Папата кое се однесуваше на остварување на соништата кои тие ги носат внатре во нив.

Папата Фрањо им одговори велејќи дека нивните соништа се најважни бидејќи „тие се најбрилијантните.“ Папата ги охрабри да ги направат своите соништа своја иднина и ги повика да се запрашаат од каде доаѓаат нивните соништа. Обемот на нивните соништа треба да бидат како „големите соништа“ раскажани во Библијата, – рече Папата. Она што ги прави големи е тоа што го вклучуваат секого. „Големите соништа вклучуваат, го свртуваат, споделуваат и создаваат нов живот.“ Во лицето на возрасните кои се плашат од соништата на младите, папата Фрањо ги охрабрува сега да дозволат да бидат „ограбени од своите соништа“, но да бараат ментор „да им помогне да ги разберат и постепено да ги конкретизираат.“

Преземете ризик и љубов

Мартина постави прашање во врска со тешкотијата за планирање на сопствената иднина вклучувајќи ги постојаните обврски и притисоците што таа ги чувствува за во прв план да ја планира својата професионална иднина. Да се биде способен да се донесуваат одлуки за себе е „најголемиот израз на слобода“, одговори Папата. „Мартина ја посочи раната“, продолжи Папата. Секој изговор да се одложи конечната одлука нѐ запира, не ни дозволува да се движиме напред, не ни дозволува да сонуваме, ни ја одзема слободата. Потоа Папата се осврна на библискиот портрет на мажот и жената кои заедно се слика Божја. Двојката го сфаќа тој благороден „идеал“ кога мажот „ја прави неговата сопруга повеќе од жена“ и обратно. „Не плашете се да размислувате за љубовта: но љубов која преземе ризици, верна љубов, љубов која негува раст во другиот и во самиот себе,“ заклучи Папата.

Не зборувајте, туку сведочете

Дарио го презентираше третото прашање во врска со верата и потрагата на нејзиното значањето во Црквата затоа што повеќе не одговара соодветно и веродостојно по честите скандали. Дарио исто така „посочи рана,“ рече папата Фрањо. Неговото прашање – продолжи Папата – бара „од сите нас, пастири и верници, да придружуваме, слушаме и да сведочиме. Папата тоа го илустираше со лично искуство кое го имал со млада личност во текот на Светскиот ден на млади во Краков која го прашала што може да му каже на колега од факултетот кој е агностик „за да го разбере дека нашата е вистинска религија.“ Јас му реков – продолжи Папата – „последната работа што треба да ја направиш е да кажеш нешто.“ Започни да живееш како христијанин и тој ќе те праша зошто живееш така. Папата заврши барајќи од секого да се запраша како ја сведочи својата вера. „И ова е последното нешто“, заврши тој „пораката на Исус, Црква без сведок е само чад.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот