Децата ја плаќаат највисоката цена од кризите во светот, претежно во Африка. Ова е наведено во извештајот, објавен од Обединетите нации, според кој 60% од африканските деца или речиси 300 милиони, се сиромашни, принудени да живеат со помалку од 1,25 долари месечно.
Станува збор за најголемата цифра регистрирана до сега
„Бројките се алармантни,“ коментираат претставниците на ООН. „Во Африка и во Јужна Азија детската сиромаштија е 66% и 50%, многу повисока во било кој друг дел на светот.“ Во 39 држави од субсахарска Африка, децата под 18 години се најбројната социјална група меѓу сиромашните. Според мислењето на експертите на ООН, најлоша е положбата на децата под деветгодишна возраст. Во Јужен Судан, Нигер и Етиопија, девет од десет деца живеат во многу лоши услови.
На овие податоци се додаваат информациите на Детскиот фонд на Светска банка, објавени минатиот октомври, според кои субсахарска Африка има не само најголем број деца кои живеат во сиромаштија (49%), но и најголем број крајно сиромашни деца (51%). Според извршниот директор на УНИЦЕФ, Џастин Фортзајт, „децата имаат двојно поголема веројатност од возрасните да живеат во екстремна сиромаштија и со помалку средства од возрасните, и да се справат со сиромаштијата, поради болестите, детската смртност и слабиот развој во ранто детство.
Има и земји, во кои состојбата е подраматична. На пример во Демократска Република Конго, која парадоксално е една од најбогатите држави на континентот. Но, поради произволната експлоатација на подземните ресурси – особено златото, колтан и каситерит – Источно Конго продолжува да живее во состојба на голема нестабилност и насилство, со драматични последици за локалното население. Во Нигерија тероризмот на Боко Харам исто така ја раскинува територијата и населението. Во првите месеци од 2017 година биле разрушени 53 села и убиени над 800 луѓе, посебно деца. Но, зад борбата со џихадистите често се кријат интересите на владетелите, кои во текот на годините прават шпекулации и се збогатуваат на грбот на жртвите.
РВ/к.мк