Монсињор Ќуриќ именуван за Ѓаковско- осиечки помошен бискуп

Монсињор Ќуриќ именуван за Ѓаковско- осиечки помошен бискуп

Секретарот на Апостолската нунцијатура во Загреб монс. Јануш Блаховијак во име на апостолскиот нунциј во Република Хрватска монс, Џузепе Пинто на 11 март 2019 година во Ѓаково ја објави одлуката на Светиот Отец за именување на монсињор Иван Ќуриќ за помошен епископ на Ѓаковско – осиечката надбискупија.

На настанот присуствуваа ѓаковско-осиечкиот надбискуп, монс. Ѓуро Храниќ и надбискупот во мирување, монс. Марин Скракиќ, директорот на Хрватски Каритас и на Хрватската католичка мрежа, монсињор Фабијан Свалина, директорот на Националното катехетско биро на Хрватската бискупска конференција, монсињор д-р Ивица Пажин, ректорот на Надбискупското богословско семениште во Загреб о. Анѓелко Кошчак и други свештеници, парохиски викари, ѓакони, чесни сестри и соработници.

Монсињор Ќуриќ е роден на 1 декември 1964 година во Славонски Брод, извршува бројни важни служби во Црквата, меѓу кои и Генерален викар на Ѓаковско – осиечката надбискупија од 2013 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот