28 септември молитвен ден за Епископската синода

Ден за молитва за престојната Трето вонредно собрание на Епископската синода, на тема: „Пасторалните предизивици за семејството во контекст на евангелизацијата“, која ќе се одржи од 5-19 октомври 2014 година во Ватикан.

Денот за молитва ќе се одржи на 28 септември, последната недела од месец септември. Преку соопштение веста е објавена од Ватиканскиот прес центар, издадено од страна на Секретаријатот на Епископската синода.

„Се покануваат локалните Цркви, парохиски заедници, институтите на богопосветен живот, здруженијата и црковните движења – стои во соопштението – да се молат за време на евхаристиските богослужби и во други прилики во деновите пред и за време на работните сесии на Синодата. Во Рим, секој ден ќе има молитва во капелата на Дева Марија “Salus Populi Romani”, која се наоѓа во базиликата „Света Марија Велика“. Верниците можат да се приклучат на оваа молитва со нивната лична молитва, пред сè во семејствата. Се препорачува на верниците да молат Светата Бројаница за работните сесии на Синодата”.

Во следните денови, информира Секретаријатот на Синодот, ќе биде објавен помошен материјал на различни јазици, кој ќе ја содржи молитва кон Светото Семејство за Синодот, составена од папата Фрањо, како и примери за молитвени накани за молитви на верниците.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот