Папата Фрањо благослови статуетки Детето Исус

Папата Фрањо благослови статуетки Детето Исус

После молитвата Ангел Господов, на третата недела од Божиќниот пост, Папата се обрати на бројните деца и млади од римските бискупии, кои на плоштадот Свети Петар донесоа статуетки на Детето Исус кои за време на божиќната ноќ ќе ги стават во јаслите.

На децата кои утрото учествуваа на традиционалната света Литургија во ватиканската базилика, со кардиналот Анџело Комастри, Папата им довери посебна задача – да се соберат во молитва пред јаслите, чувајќи го во срцето посебното чувство според кое ќе бидат слични на Исус.

Драги деца кога во својот дом ќе се соберете во молитва пред јаслите, свртувајќи го погледот на Детето Исус, ќе почувствување чудење… ќе ме прашате што значи „чудење;“ тоа е силно чувство, тоа е повеќе од обично чувство – објасни Папата. Тоа значи да го видите Бог. Чудење заради големото таинство на Бог Кој стана човек; а Светиот Дух ќе ви ја стави во срцето Исусовата понизност, нежноста и добрината. Исус е добар, Исус е нежен, Исус е понизен. Тој е вистински Божиќ! Не заборавајте. Нека биде така за вас и за вашето семејство – рече папата Фрањо и на крајот ги благослови сите статуетки Детето Исус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот