Често за време на Божиќниот пост поминуваме задлабочени во предбожиќните грижи: подароци, чистење, посета на роднините… Овие совети би можеле да ви помогнат како да го пребродите тоа стресно време.
Кога во декември ќе се спомне Божиќ, многу често нè облива студена пот, бидејќи веднаш на памет ни паѓа сè што треба да се направи во тој краток период, кои подароци да се купат, да ја исчистиме куќата, да се сретнеме со непријатниот роднина, гужвата во која ќе упаднеме…Затоа на сите вас ќе ви понудиме неколку совети како најдобро да се искористи овој период на Божиќниот пост за што попријатно и подобро да го прославиме Божиќ:
1.Направете го сезонското чистење. Испитајте ја совеста и детално исповедајте се. Немојте да заборавите ниту на ситниците, за вашата душа навистина да заблеска кога кај вас ќе дојде Исус на гости.
2.Проветрете ги добро сите простории во куќата. Нека влезе свежината на Светиот Дух во вашиот живот.
3.Исперете ги завестите на своето срце. Отстранете ги од него грижите и вознемиреностите, и украсете го со надеж и радост.
4.Таа олабавена фиока чија поправка постојано се одложува? Сега е вистинското време да се соочите со своите ситни слабости.
5.Сакате да ги почастите драгите пријатели? Одлично! Нема подобар подарок од трпеливоста и внимателното слушање.
6.Не знаете кои колачи да ги изберете за Божиќ? Нешто традиционално или сакате да го изненадите семејството со нешто ново? Која било побожност да ја изберете, секоја молитва е средба со Бог, а тоа е она најважното.
7.Извадете го оној преубав порцелан од баба ти кој го чувате некаде длабоко во шкафот. Израдувајте го Исус со молитви од своето детство со кои сте ги направиле првите чекори во верата.
8.Направете нова семејна фотографија и ставете ја на ѕидот. Нека Исусовото лице секогаш ви биде пред очите.
9.Ставете ги зимските гуми, подгответе ја лопатата и сол, за да не ве затекне невремето. Останете засекогаш во молитвата и избегнувајте ги грешните пригоди. На крајот морате малку да мислите и на себе. После напорната година во ред е да си дозволите и на себе нешто, на пример неколку часа со Библијата.
10.Целиот потребен шопинг можете да го направите во локалната црква секој ден во 6.00 часот. Ако патувате со автомобил, дојдете неколку минути порано за да најдете паркинг. За плаќањето не грижете се, сметката е веќе одамна платена.
Битно.нет/к.мк/о. Ѓ.Појразов