Симоне спиеш ли?

Симоне спиеш ли?

Во својата едноставност и понизност Петар често проповедал за своите постапки за време на Христовата мака, не сокривајќи ги своите слабости. А Марко, неговиот ученик, сето тоа го запишувал. Еве еден дел кој очигледно длабоко се врежал во срцето на Петар (а сигурно и во нашето):

Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!” 33. И ги зеде со Себе Петра, Јакова и Јована; се замисли и почна да тагува, 34. па им рече: „Душата Ми е смртно нажалена; останете тука и бидете будни!” 35. И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине оној час, ако е можно; (…)Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петра: „Симоне, спиеш ли? Не можеш ли еден час да бидеш буден? (Марко 14,32-35;37)

Замислете ја непријатноста на Петар кога го слушнал укорот од Исус. Можеме да претпоставиме какви биле неговите чувства кога подоцна, откако сѐ што се случило размислувал за своите постапки. Тие биле посебни моменти. Марко користи тешки зборови.

Ужас и вознемиреност го напаѓаат Исус. Исус се наоѓа во крајна напуштеност. Ужасот и вознемиреноста се срушуваат на Него, се чувствува во тесно, истеран во еден агол, без можност да се повлече. Смртта е пред Него, страшна смрт, а Исус, човечки говорејќи, не гледа излез. Што прави секој човек во таквите моменти? Бара пријатели. Бара помош.

Душата ми е смртно нажалена; останете тука и бидете будни! Од тројцата ученици не бара ништо посебно. Не мора ништо да направат. Само да бидат со Него. Да размислиме: Исус, Учител, Спасител, моли за помош од своите ученици. Тие му се потребни. Крваво потребни во овој, за Исус клучен момент: Останете! Бидете будни!

Падна на земја… Исус отишол малку подалеку и се сопна. Тој се сопна. Се сруши на земјата. Го облева ладна пот. Наоколу темнина, таму во градот толпата се подготвува да го фати и предаде на бездушните обвинители, судии и мачители. Сам е. Исус како повеќе да не ја чувствува, како некогаш близината на својот Отец, а неговите ученици? Ќе има Исус што да види!

Ги затече да спијат. Луѓето се уморни, па заспале, некој би кажал, но зарем во овој момент? Учениците виделе како се чувствува, им го кажал тоа. Ги замолил да бидат со него, ги повика на будност. И како тогаш можат да спијат? На Исус таа рамнодушност страшно го погодила.

„Симоне спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?“ Можеме само да претпоставиме како тоа Исус го укорува само на Петар, а таму биле и Јаков и Иван. Укорот бил јасен. Исус се бори со сопствената смрт, се наоѓа во најтешкиот момент во својот живот, а од нив бара само да бидат со него. Ништо друго. И ниту тоа не го можеле. Ако не разбирале што Исус им зборувал, тогаш се неодговорни: како не можеле да ја слушнат и да ја почувствуваат Исусовата мака? Ако и покрај тоа и заспале, тогаш тоа е знак на рамнодушност, несериозност. Во неволјата пријателот се познава. (…)

Сега е време, сега е часот. Да молиме. Тоа е нашата сила. Нашата рачка со која го движиме светот.

Вера и дела/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот