Татко сте или набргу ќе станете. Сакате на своето дете да му ги пренесете католичките вредности, што понекогаш е тешко во модерниот свет. Ви донесуваме пет практични совети како во тоа да успеете…
Неодамна ме прашаа каков совет би им дал на група мажи католици студенти за тоа како да бидат добри татковци. Еве конкретно прашање: „Се прашував дали би можеле да ми дадете увид – во тоа кој е најтешкиот предизвик кои децата го поставуваат на татковците католици? Како во нив да се всади католичката вредност, а притоа да не ги изолираме од нивните пријатели кои можеби не ги делат истите вредности?“
Успеав да осмислам пет совети кои би сакал да ги дадам на младите татковци католици или мажи кои некогаш ќе станат татковци.
Препознај и создај простор за Бога како дел од сѐ
Барај ја Неговата волја како родител. Обрати Му се на Него и на светците (лично на Јосиф и Марија) за водство. Секогаш барај ја Неговата волја за себе како родител и за своето дете. Ова подразбира да се моли заедно во семејство, да се разговара за верата и да се живее заедно во една парохиска заедница.
Сакај ја својата сопруга
Децата се плод на бракот, а добрите деца доаѓаат од добриот брак. Добриот брак го обезбедува темелот на љубовта на кој децата можат да растат и да се потпират. Тој е, исто така, пример за синовите како да се однесуваат кон жените како и кон ќерките како да очекуваат да се однесуваат кон нив.
Нека семејството ти биде приоритет
Ми требаше долго да сфатам, но приоритетите мора да бидат Бог, семејството, после работата. На мажите им е полесно да ја стават работата на прво место и од неа да направат свој Бог. Да се стави семејството на прво место значи да се има време за семејството кога настапуваат тешките одлуки, да се избере семејсвото наместо останатите потреби.
Да се сфати дека твоите деца не се твои
Ние сме со Бог сосоздатели на нашите деца. Тој е Оној Кој одредува и ни дозволува да учествуваме во тој процес. Но, нашите деца се исто така и браќа и сестри во Божјото семејство. Ние сме управители задолжени да се грижиме и да ги одледуваме Божјите деца. Тоа е она што мораме да го сфатиме сериозно. Тој сака како такви и да ги воспитуваме.
Кога ќе стоиме пред Него, ќе бидеме одговорни како сме ги воспитувале. Затоа, мораме за тоа да размислиме – не смееме да бидеме премногу попустливи или премногу строги, туку секогаш да го правиме она најдоброто за детето.
Оди против струите на световната култура
Не би се грижел за тоа дали децата би биле изолирани од таканаречените пријатели. Ако се, тогаш тоа и не се вистински пријатели. Ги воспитувам своите деца така што да сфатат дека нашето семејство живее поразлично – и тие мораат тоа да го прифатат. Мојата најстара ќерка доби мобилен после 16-тата година кога почна да вози до училиштето, а не од 10-тата години кога повеќете нејзини пријателки го имаа. Мојот син не смее да игра видео игри кои неговите пријатели ги играат (штетни). Па добро.
Морам да ги научам нашите деца да живеат во реалниот, а не во виртуелниот свет. Не гледајте ги емисиите и филмовите кои се во спротивност со католичките вредности. Да се биде автентичен католик значи дека некој ќе ве изолира и исмејува. Мораме да ги научиме своите деца да се одвојат од ваквите работи. Навистина, Христос ни вели дека ќе бидеме прогонувани.
Мораме како родители да се погрижиме нашите деца да имаат доволно дебела кожа да се носат со оние најмали прогонства. Мораме да им помогнеме исто така да бараат вистински пријатели со кои ќе ги делат истите вредности. Дел од тоа е да бидеме дел од заедницата и да градиме заедници на верни католици каде потешкотиите се малку важни (иако и во тој случај многу католици подлегнуваат на компромис). Ова е можеби најголемата борба – да се биде во светот, а не од светот.
Најголемиот проблем – да не ги спречиме лошите навики навреме
Што се однесува до оние предизвици кои децата сами си ги поставуват, тоа зависи од секое дете. Открив дека најголемиот проблем кај нас родителите е тоа да не ги спречиме лошите навики навреме (или дури и да ги поттикнеме со пример). Веројатно е најголемиот предизвик да не се дозволат лошите аспекти на нашата култура да се вовлечат во нашиот дом. Исто така би рекол дека тоа е веројатно жртва каква што повеќето млади родители не се подготвени да ја направата за свое добро, уште повеќе на тој начин им штетат и на своите деца.
Жена Врсна/к.мк