Кардинал Паролин: Неопходен е дијалог меѓу Запад и Русија

Кардинал Паролин: Неопходен е дијалог меѓу Запад и Русија

„Вниманието на Светиот Престол кон европскиот исток не е од денес, тоа е со стар датум и во различни периоди од историјата секогаш биле сметани за важни односите и врските со Источна Европа и со Русија”. Овие зборови се почетокот на долгото интервју за улогата на Католичката црква во светот, дадено од ватиканскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин за весникот “Il Sole 24 Ore”. По посетата на Белорусија во 2015 и во Украина во 2016, на крајот на месец август годинава кардинал Паролин ќе ја посети Москва.

„Европскиот исток не е важен само поради фактот што е граница на Европа, туку важна е и неговата историска улога за цивилизацијата, културата и христијанската вера”, појаснува кардиналот во интервјуто за италијанскиот дневен весник.

„Денес често се истакнуваат разликите меѓу западните земји и Русија, како да станува збор за два различни света, секој со свои вредности, со свои интереси, дури и со меѓусебна спротивставеност во перцепцијата на меѓународно право”, забележува кардиналот. Но тој нагласува и дека „во овој контекст предизвикот е токму тоа да се придонесе за подобро взаемно разбирање помеѓу оние кои ризикуваат да се претстават како две спротивени крајности”. Затоа е потребен дијалог со почит и „прашањето за мирот и барањата решенија за различни кризи би требало да се постави над сите национални или други интереси”.

За новата американска администрација, кардиналот наведува дека „е потребно време за да се процени. Не треба да се брза. Една нова администрација, многу поразлична од претходната, не само од политички причини, ќе има потреба од време за да ја најде својата рамнотежа. „Ние посакуваме САД и другите учесници на меѓународната сцена да не ја напуштат меѓународната одговорност за различни прашања, кои досега таа ги извршувала”, додава кардинал Паролин.

Кардиналот потоа истакнува дека „дипломатијата на Католичката црква е дипломатија на мирот. Нема интереси за власт: ниту политичка, ниту економска, ниту идеолошка. Кардинал Паролин нагласува дека токму поради тоа може слободно да посредува помагајќи на меѓусебно разбирање меѓу државите, покажувајќи им ги на сите ризиците, која самодопадливата визија за светот може да ги има за сите.

За Далечниот Исток кардиналот појаснува дека „денес има нови предизвици, кои бараат нови и креативни одговори, но на крајот целта на Црквата е всушност иста и е од пасторален карактер: да го води Бог кај луѓето и луѓето кај Бог”. Поконкретно, Католичката црква сака да и се гарантира правото за слободно исповедање на верата во корист на сите и за хармонија на општеството. Католиците сакаат да ја живеат мирно верата во одделните држави, како добри христијани, ангажирајќи се за позитивен развој на националната заедница”.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот