Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов

Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден се празнува на 27 септември и со овој поврзаник се поврзани два настани од истроијата на Црквата. Најпрво настанот кога е пронајден Чесниот Крст Господов на Голгота и вториот настан е враќањето на Чесниот Крст од Персија во Еруслаим во седмиот век по Христос. Името на празникот, „Воздвижение“ значи Издигнување на Крстот над целата Вселена како знак на победа на христијанството над светот.

Историја на празникот

Римските пагански цареви ревно се труделе да го искоренат секое сведоштво ии сеќавење за светите места каде Господ Исус Христос пострадал, воскреснал и се вознесел на небесата за спасение на човечкиот род. Така на пример, римскиот пагански цар Адријан (117-138) наредил на Голгота да се изгради храм посветен на Венера и идол на Јупитер. Паганите се собирале на ова место и принесувале жртви кон идолите. Со победата над Максенциј и Ликиниј, светиот цар Константин Велики рамноапостолен го издал Миланскиот Едикт со кој го забранува прогонствата на христијаните. Со Божја помош извојувал три големи. Царот  цар Константин имал водение, на небото му се објавил Крстот Господов, и под тој знак стоело напишано: „Со овој знак ќе победуваш“

Обиколувајќи ја Светата Земја царица Елена наредила да се бара Чесниот Крст Господов. Во нејзината потрага, наишла на некој старец Евреин, по име Јуда: Тој бил единствениот кој знаел за местото каде што се наоѓал Крстот: Принуден од царицата кажал дека Крстот е закопан под храмот на Венера, кој е подигнат на Голгота од страна царот Адријан. По наредба на царицата храмот на Венера е разурнат. Копајќи нашле три крста. Царицата била во недоумение како да го распознае Христовиот Крст. Но во тој момент покрај местото поминувала поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј предложил да ги полагаат крстовите врз мртовецот. Ставајќи го врз него третиот крст, покојникот оживеал. Со тоа биле сигурни дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа истиот крст го положиле врз една болна жена и таа оздравела. Тогаш го кренале крстот за да го види сиот народ. Царицата Елена направила ковчег од сребро и во него го положила Чесниот Крст. При враќањето во Цариград, понела дел од Чесниот Крст и шајките со кои Христос бил прикован на него.

На почетокот на седмиот век кога царот Хозрој го зазел Ерусалим многумина одвел во ропство, а Крстот Господов го носи во Персија. Во Персија Крстот престојувал четиринаесет години. Во 628 година царот Ираклиј го победува Хозрој и со слава го враќа Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носел Крстот на своите рамења. Но одеднаш застанал и не можел да чекори понатаму. Патријархот Захариј видел ангел кој му попречува на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одел бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се соблекол, па босоног и во бедна облека го зел Крстот, го изнел на Голгота и го положил во храмот на Воскресението.

Празнување

Крстовден е празник на пост и покајание. Овој празник нѐ потсетува на Жртвата со која скапо сме платени, распнатиот Господ и на нашето спасение кое доаѓа преку Христовото Распнување и сораспнувањето со Него.

За авторот