101 година од смртта на с. Еврозија Алоати – Основателка на Сестрите Евхаристинки

101 година од смртта на с. Еврозија Алоати – Основателка на Сестрите Евхаристинки

Неговото Високо Преосвештенсво монс. Киро Стојанов, на 29 декември 2021 година во капелата на Сестрите Евхаристинки „Покров на Пресвета Богордица“ во Скопје, служеше света Литургија по повод 101 година од смртта на с. Еврозија Алоати – Основателка на Сестрите Евхаристинки.

Бидејќи, денот на смртта се совпаѓа со празникот Свети Стефан, според грегоријанскиот календар, 26 декември, Неговото Преосвештенство направи споредба помеѓу Светецот кој го даде својот живот за Исус и сестрата основателка која од љубов кон Исус во Пресветата Евхаристија со својот брат о. Јосиф Алоати го основаа Општеството на Сестрите Евхаристинки и го даруваа својот живот за доброто на ближниот и месното население.

Светата Литургија воедно беше прикажана и за сите сестри кои се упокоија во Господа молејќи Господ Бог да им удели радост во своето Царство, но воедно се молеше и Господ Бог да им испрати нови сили во Општеството како и успешна мисионерска дејност таму каде што сестрите се активни.

Неговото Преосвештенство изрази голема благодарност до Сестрите Евхаристинки за досегашната пожртвуваност и несебична духовна и пасторална дејност меѓу Божјиот народ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот