Џивиш ги повика младите омразата да ја победат со милосрдие
Кардинал Џивиш на 26 јули 2016 година свечено го отвори 31. Светски ден на млади, а Светиот Отец во твитот упатен од неговиот профил @Pontifex ги повикува младите: „Драги малди, да бидеме обединети во молитвата, овој Светски ден на млади да биде богат со духовни плодови. Се гледаме утре!“
Синоќа Светиот Отец по 19.00 часот според обичајот пред секое апостолско патување во странство ја посети базиликата Света Марија Велика за да се помоли пред иконата на Дева Марија и да побара Божји благослов – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол патер Федерико Ломбарди.
Истовремено во големиот парк Блонија во центарот на Краков официјално е отворен 31. Светски ден на млади фокусиран на Божјото милосрдие. Повеќе стотина илјади млади учествуваат во литургиското славење кое го предводеше краковскиот надбискуп кардинал Станислав Џивиш личен секретар на свети Иван Павле II, „творецот“ на Светските денови на млади, а сега пак е нивни небесен заштитник. На почетокот на светата Литургија кардиналот Џивиш повика на молитва за свештеникот убиен во црквата во Франција.
Мозаикот од лица, мозаик од народи ги обедини верата и радоста затоа што се заедно во името Исусово. Од Краков пристигна прекрасна порака: братство е можно, соживотот не е недостижен сон, иако како што овие денови се случува, насилството и ужасот се повторуваат сѐ до ранувањето на срцето на Европа. Во Блонија големиот парк во центарот на Краков кој неразделно е поврзан со името на свети Иван Павле II кардинал Џивиш рече дека младите денес повеќе од било кога можат да бидат носители на пораката на љубовта, солидарноста и мирот.
Со пламенот на милосрдието се победува насилството
Во Краков главниот град на Божјото милосрдие на младите кои доаѓаат од целиот свет и трпеливо го поднесуваат дождот и безбедносните проверки, разбирливи по последниот чин на насилство во Германија и Франција, личниот секретар на Иван Павле II им посака срдечно добредојде: „Драги пријатели добре дојдовте во Краков!“
Доаѓаме од области каде луѓето живеат во мир, рече кардиналот, но меѓу вас има и млади кои доаѓаат од „области на светот каде има насилство и слеп тероризам“ каде што христијаните се „сурово прогонувани“. Затоа потсетувајќи на света Фаустина Ковалска кардинал Џивиш ги поттикна младите да направат „пламенот на љубовта“, пламенот на милосрдието да го зафати светот за да може да ја победи себичноста, насилството и неправдата. Ги повика младите да го слушат гласот на папата Фрањо кој сакаше токму во Краков да се слави Светскиот ден на млади односно Јубилејот на млади – истакна кардиналот.
Во знакот на Карол Војтила е отворен Светскиот ден на млади во Краков
Славенички песни го одбележаа отварањето на Светскиот ден на млади кои одекнаа по градските улици и плоштади. Светскиот ден на млади е ходочастие со искрa на милосрдието која кружи по најзначајните места во Краков поврзана со папата Војтила сѐ до паркот Блонија фокусиран на ликот на свети Иван Павле II. Овој Светски ден на млади со двајца папи: папата Фрањо во земјата на светиот папа Иван павле II отворен во знакот на Божјото милосрдие.
РВ/к.мк